Како Кисинџер стана човек на Кина

Човекот чиј однос стана патоказ за Западното однесување кон Кина во јули 1971 престојуваше во резиденција на кинеската влада, каде дискутираше филозофија со кинескиот премиер Џоу Енлај. Од тогаш Западот нема престанато да и се извинува на Кина.

Еден од приемите на Џоу за Кисинџер

Сето ова започна со Хенри Кисинџер. Пред Интел да и се извини на Кина што се обиде да ја отстрани принудната работа во неговиот синџир на снабдување во декември, пред Дизни да му се заблагодари на кинеското биро за јавна безбедност што ги построило сите муслимани и ги испратило во концентрациони логори, пред Леброн Џејмс да го критикува генералниот менаџер на Хјустон Рокетс за тоа што поддржал демократија во Хонгконг, пред Мериот да отпушти вработен заради поддршката на Тибет, пред Шелдон Аделсон лично да лобира за стопирање на законот за осуда на кинескиот однос кон човековите права, дури и пред Роналд Реган да ја нарече Кина „така-наречена комунистичка држава“, човекот чиј однос стана патоказ за се што подоцна следуваше седна со премиерот Џоу Енлај во резиденцијата на кинеската влада во јули 1971 и дискутираше филозофија.

По неговото ласкање, упорност и шарм во текот на десетици часови разговор низ 5 години, Џоу го прогласува Советникот за национална безбедност на САД, Хенри Кисинџер, за пријател на Кина. Пријателството не беше чисто дипломатско, или стратешки студено. Поранешниот помошник државен секретар Ричард Соломон, во првично доверлива студија за кинеското однесување во преговори, го опиша сеќавањето на Кисинџер на тоа време како „полно со речиси восхитувачки сеќавања на лична придружба, сложени тури, и луксузни приеми беспрекорно аранжирани од неговиот кинески домаќин за време на неговите девет посети меѓу 1971 и 1976,’ годината кога умреа и Мао Це Тунг и Џоу . За време на овие години Кисинџер помогна изолираната Кина да се врати во светскиот поредок, и тогаш стана познат како пријател. Воодушевувањето на Кисинџер траеше. „Во некои си 60 години јавен живот, не сретнав пообврзувачка личност“ од Џоу , ќе напише Кисинџер во неговата книга од 2011 „За Кина“.

Патувањата на Кисинџер во раните 1970-те беа монументални не само заради воспоставување на односите меѓу двете држави. Тие исто така отпочнаа два изразити меѓусебно поврзани феномени кои се уште ја оформуваат Америка - и Велика Британија, меѓу другите држави - денес. Првиот е како Пекинг ја употреби тактиката на Обединет фронт - ленинистички концепт на култивирање пријатели и ослабување на непријателите на Комунизмот - за да ги оформи американските политика и бизнис. Вториот е подемот на она што може да биде наречено дипломат консултант - како поранешните држави секретари Александер Хејг и Маделин Олбрајт, и поранешниот британски премиер Тони Блер - кои се вклопуваат во долгорочната кинеска традиција на размена на пристап за услуга. Зголемувањето на изложеноста на Кина донесе огромни бенефити за американската економија и помогна милиони Американци да се охрабрат да минуваат време во Кина. Ова се навистина реални позитивни придобивки, и тие не треба да бидат игнорирани.

Во исто време, овие дипломати консултанти се како агенти за ширење на влијанието на Партијата, посебно во бизнис светот, каде помагаат глобални компании да се натпреваруваат и да ги почитуваат стандардите на Партијата додека во исто време ги советуваат овие исти фирми како да олабават со анти-партискиот говор. И во годините откако ја основаше својата консултантска компанија Кисинџер асошиејтс во 1982, Кисинџер почна да ги отвора вратите за американските компании во Кина - додека активно ги задушуваше критиките против партијата во неговата масовна мрежа. Почнувајќи од  раните 1980-ти, Кисинџер често пати користеше почитувачки и сентиментален тон кон Кина, што е невообичаено за лик кој е реалист по дефиниција. Од администрацијата на Буш постариот, каде тој се залагаше за поблаг одговор на масакрот на Тиенанмен од 1989, до администрацијата на Трамп, кого наводно го убедил да не се среќава со Далај Лама - Трамп е прв претседател од Реган кој не се сретнал до духовниот лидер на Тибет - Кисинџер го искористи своето значително влијание врз владата за да ги ослаби политиките што го таргетираа Пекинг.

Кисинџер одби повеќе барања за интервју. Еден од неговите претставници отфрли дека Кисинџер е агент на кинеско влијание, и ги нарече обвинувањата клеветнички. Врската на Кисинџер со Кина, тој изјави „е во дух на највисоката и најдобра традиција на американското државништво.“

Сите разузнавачки агенции регрутираат странски агенти. Меѓутоа односот на Партијата со американските пријатели, вклучително и Кисинџер, е поразлична, заради се поголемата наклонетост на Партијата кон шпионирање. Има две големи разлики меѓу гледиштето на Вашингтон и гледиштето на Пекинг околу собирањето разузнавачки информации. Првата ја вклучува длабоко политичката природа на разузнавачките и безбедносни служби на Партијата. Во кинеските разузнавачки агенции, како и во многу други гранки на власта, политичките комесари и партиските секретари работат заедно со своите потехнократски колеги за да осигураат дека агенцијата и нејзините вработени ќе ги следат правилните политички насоки. „Народната полиција на Министерството за државна безбедност се црвените сили лојални на Партијата,“ ќе изјави портпаролот на министерството во јануари 2021, кога зборува за кинеската полиција.

Втората разлика е што Пекинг се потпира на голем број нетрадиционални сојузници - вклучително студенти, академици, бизнис луѓе и вработени во непрофитни организации, и кинески и странски - за исполнување на своите разузнавачки цели. За време на Студената војна, ЦИА помогна во финансирање на литературниот магазин Енкаунтер ко-основан од влијателниот нео-конзервативец Ирвинг Кристол. Откритијата на Едвард Сноуден од 2013 покажаа некакви врски меѓу Националната агенција за безбедност и американски компании како Веризон. Во Кина, овие врски се правило, не исклучок.

Пекинг и понатаму спроведува нормална шпионажа: инфилтрира непријателски организации, хакира ривалски влади, и создава странски агенти - некогаш и со праќање на пораки на Линкдин. Меѓутоа прави и многу повеќе од тоа.

Во 2018, партискиот Центар за истражување на историјата, важна институција која помага во воспоставување и одразување на партиското гледиште на историјата, објави есеј за гледиштата на Џоу во однос на шпионирањето. Џоу верува дека Партијата има „значително“ поразличен став кон шпионажата отколку другите држави, бидејќи ја поврзува шпионажата со работата на Обединетиот фронт. „Џоу се залага за создавање многу пријатели, користејќи ја работата на Обединетиот фронт како погон за разузнавачката работа, и вгнездување на работата на Обединетиот фронт во работата на разузнавањето,“ пишува во есејот. Пред да ја раководи кинеската влада како премиер, Џоу ја формира партиската единица за разузнавање и ги создава првите шпионски ќелии. Џоу , со други зборови, е првиот господар на шпионите на Партијата. И во оваа смисла на „шпионирање“ Кисинџер беше најважниот американски посед на Џоу . По кинески речник: пријател.

Аналите на шпионството се преполни со луѓе кои веројатно немаат поим дека се прелажани. „Секој несвесен агент е поефикасен кога е оставен со тоа верување дека тој вистински држи морална височина, и дека не претставува авторитарна разузнавачка агенција,“ ќе изјави професорот по безбедносни студии на Кралскиот колеџ во Лондон, Томас Рид, за време на неговото сведочење пред Конгресот во март 2017. Најдобрите агенти, со други зборови, се оние кои немаат поим дека се агенти.

Заради разидувањето меѓу експанзивното гледиште на Партијата кон шпионирањето (кое вклучува она што американските жртви често пати го перципираат едноставно како пријателство) и поограниченото западно гледиште, Американците често пат не го разбираат договорот што го прават кога ќе го „прифатат“ пријателството. Всушност, малкумина пријатели некогаш изразиле каква било јавна свесност за тоа што навистина значи пријателството: поддршка не за Кина туку за партијата. Партијата очекува пријателите да ги стишат своите критики, за да не ја „посрамат“ или „навредат“ Кина, и да ги пофалат и промовираат партиските политики. „Да се биде ’пријател’ на Кина значи дека политички си синхронизиран со Комунистичката партија, без разлика дали го знаеш тоа или не,“ изјави долгогодишниот изучувач на Кина, Пери Линк.

Кисинџер е еден од најбрилијантните мислители на 20-от век и има повеќе искуство во справување со Партијата од кој било Американец, жив или мртов. Зошто не треба да се сфати тоа што тој го кажува за Кина онака како што го кажува? Со други зборови, зошто да не претпоставуваме дека зборовите и постапките на Кисинџер го одразуваат неговиот интелект и искуство? За да одговориме на ова, од корист е да се наведат неколку цитати на современици на Кисинџер околу неговиот карактер. Човек моќен како Кисинџер секогаш ќе создава непријатели. Меѓутоа Кисинџер собира зачудувачки количества навреди, посебно од оние кои работеле директно со него. „Му се восхитувам на Хенри. Она што е проблематично кај него е зошто има потреба да биде толку манипулативен - тој е толку брилијантен, работи толку напорно. Ја гледа поврзаноста пред сите други. Тој би можел идентично да се издигне дури и поштено да работи. Меѓутоа заради некоја причина тој не може фер да игра. Тој мора да манипулира,“ ќе изјави Ричард Ален кој служеше како прв Советник за национална безбедност на Реган. Во телефонски разговор од 1989 со советскиот лидер, Михаил Горбачов, Џорџ Буш му се заблагодарува што се сретнал со Кисинџер и дека со нетрпение го чека брифингот од состанокот. Меѓутоа „нема сè да веруваме што ќе биде кажано бидејќи, сепак, се работи за Хенри Кисинџер,“ изјавил Буш според транскрипт од состанокот.

Во неговото децениско опстојување како без сомнеж најпознатиот жив државник, Хенри Кисинџер е нарекуван голем број работи. Сенаторот Џон Меккејн го нарече најпочитуваната личност. Писателот Џозеф Хелер, го нарече „одвратно некадарен што со задоволство започнува војни.“ Ши Џинпинг го нарекува „стар пријател на кинескиот народ“. Меѓутоа најточниот опис на Кисинџер, од времето кога тој ја започнува својата консултантска компанија во 1982 до денес, е агент на кинеско влијание. Тој може да е еден од најбрилијантните Американци на 20 век - и самиот е поранешен разузнавачки агент - меѓутоа требаше да биде попретпазлив.

Ајзак Стоун Фиш,
Спектатор

29 март 2022 - 13:33