Вести

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Ботови ја диктираат изборната кампања во Израел

Гласачите во Израел се бомбардирани со лажни снимки, монтирани од ВИ, кои изгледаат реално. Ботови наведуваат онлајн дискусии кон специфични агенди и гласаат по анкети. Други прибираат секакви информации за гласачите и им сервираат пропаганден материјал типичен за нивните интереси. Сите партии го прават ова и никоја служба нема интерес да ги спречи.

Турција ја жртвува својата плодна житница за нафтен центар

Во време кога војните ги попречуваат традиционалните извозни рути, Анкара го жртвува последното преостанато јадро на плодниот појас на југот на земјата. Плодната житница Чукурова отстапува место на огромна инфраструктура со петрохемиски комбинати околу стратегиското пристаниште Џејхан, каде што се спојуваат два големи нафтоводи.

Речник

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Доналд Трамп со часови го испрашувал Грок - четботот со вештачка интелигенција на Илон Маск - за тоа дали Венецуелците би славеле доколку им го уапси лидерот Николас Мадуро. Неколку недели подоцна, ја нареди операцијата со која беше грабнат диктаторот од палатата во Каракас. Тоа го охрабри два месеци подоцна да му објави војна и на Иран.

ЕУ забранува лажни „зелени“ етикети

Зелената агенда на Европската Унија поттикна бран лажни рекламирања на производи, услуги и проекти како „еколошки прифатливи“. Брисел конечно ја забранува оваа тактика на зелено перење мозоци (greenwashing) на потрошувачите. За да залепат етикети „еко“ или „био“, компаниите ќе мора да приложат докази дека производите навистина се еколошки.

Флорида го тужи Фајзер за ковид вакцините

Главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер, поднесе тужба против Фајзер и неговиот извршен директор, Алберт Бурла, обвинувајќи го фармацевтскиот гигант дека ги довел во заблуда потрошувачите во врска со безбедноста и ефикасноста на неговата вакцина против ковид-19. Бара да им се плати отштета на луѓето а компанијата да го врати профитот.

Индија ја распакува британската државна делегација

Висока британска делегација од неколку партии, предводена од спикерот на Долниот дом на британскиот парламент, во последен момент била вратена од пат за Индија откако им стигнал абер дека џабе ќе тргаат.

Лагата за американската невиност

За нашите злосторства, ако се објават јавно, се наоѓа жртвено јагне додека главните архитекти на колежот обично завршуваат како „угледни државници.“ Историски гледано, оние кои се гонети за воени злосторства (Нирнберг,  Либерија, Чад, Србија, Босна), се гонат затоа што ја загубиле војната и затоа што биле противници на Америка.

Како опскурни бирократи знаат да направат војна

Антируското „групно размислување“ на официјален Вашингтон е толку доминантно што никој кој држи до својата кариера не се осмелува да го оспори, пишува Џонатан Маршал во еден текст од 2015 година, кој следи како од позадина се создаваат услови милијарди долари да се пренасочат во воените буџети.

Дали "Z" ќе се израмни со нацистички симбол?

Членови на литванскиот парламент предложија изедначување на буквата „Z“ и црно-портокаловата лента на Свети Ѓорѓија, со нацистичките и комунистички симболи.

Зеленски лично побарал помилување на Абрамович од санкции

На списокот за „отстрел“ на американската влада од почеток бил еден од најпрепознатливите руски олигарси, Роман Абрамович, се додека Зеленски не му се јавил на Бајден тоа да се коригира, во име на мирот во Украина.

На украинската војска и снемува оружје

Западот не очекувал толку долга интензивна војна па затоа и со време не ја снабдил Украина со доволни количини оружје и муниција, пишува британски Тајмс.

Зошто Украина уште дозволува транзит на рускиот гас?

Месец дена војна, а рускиот гас минува низ украинска територија и гасоводи како во најдобри времиња. Блумберг се исчудува зошто Украина дури и под инвазија го дозволува ова. Разговараат со првиот човек на украинската нафтена компанија Нафтогаз.

На Њујорк Тајмс му текна: Америка има проблем со слободата на говорот

Паника се создаде околу едиторијалот на Њујорк тајмс темелен на податоци од ново истражување на јавноста околу слободата на говорот. Самото правање паника околу овој, во суштина разводнет и „никого да не навредиме“ коментар е сигнал дека состојбата е и полоша отколку што се мисли. 

Кога треба, муковци и реџеповци лесно се наоѓаат

Откако ги игнорираше странските амбасадори во својата земја и одби да ја осуди Русија, колата тргна надолу за владата на пакистанскиот премиер. Закажано му е гласање за недоверба, а во меѓувреме,  дебело „се лобира“ кај неговите пратеници.

Блумберг совети за сиромашни за преживување инфлација

Инфлација неизбежно ќе удри, а Блумберг добри вести има само за тие што заработуваат повеќе од 300.000 долари годишно. За другите главно се работи за нијанси околу тоа колку ќе треба да штедат и да се откажуваат.

Како Бургер кинг заглави во Русија

Сопственикот на Бургер кинг на светско ниво не може ништо да направи за да го повлече својот бренд од Русија, затоа што тамошниот партнер има многу добар договор.

Проблемот со наративот за заглавената руска офанзива

Дебатата дали руските сили имаат застој во својата операција или не многу повеќе се води за потребите на американската внатрешна дебата дали да се продолжи (или зголеми) со испраќање помош на Украина или не.

Кој остана во Русија?

Професор од Јеил води детален список на меѓународни компании и нивниот однос кон Русија по почетокот на војната. Иако стотици компании целосно или делумно излегоа од земјата, речиси 40-на глобални корпорации остануваат длабоко утврдени во земјата под санкции.

Како Бајден ја изгуби Саудиска Арабија

Владетелот на Саудиска Арабија не му крева на телефон на Бајден, а минатава недела дојде на еден чекор поблиску да прифати кинески јуани за испораката на нафта на Кина. Ова е уште една последица, и тоа значителна, од неспретното справување на САД со стратешки важниот сојузник, пишува уредништвото на Вол стрит журнал.

Британските платеници сами си ја издале позицијата пред да бидат ракетирани

12 до 14 телефонски броеви кои почнувале со +44 биле видливи за опрема за прислушкување пред Русите да ја гранатираат касарната со странски платеници во Јаворив, пишува Телеграф.

Триесет години подоцна, Мујо се врати на Запад

Политичари, интелектуалци и новинари од цивилизираниот Запад знаеа слатко да се изнасмеат на вицовите со кои им ги објаснувавме правилата на балканската крчма. Вие Балканците, ќе речеа тогаш, сте безнадежно примитивни, затуцани и сјебани, ама барем знаете да му се смеете на својот трулеж.

Лектира за славјанки и слични милитантни пацифисти

Болно прецизна и морално бескомпромисна анализа на прашањето „како дојдовме до овде и каде сме тргнале“ од пулицеров добитник, долгогодишен воен дописник на Њујорк Тајмс и некогашен шеф на нивните бироа за Блискиот исток и Балканот. Има многу поенти и тач-дауни, за да не издвојуваме само некои, прочитајте го целото.

 

Американците се дадоа на слатко во пандемијата

Залезот на пандемијата, Соединетите Американски Држави ја дочекуваат со две навики кои одат во спротивни насоки: Американците сè помалку пушат, ама затоа бутаат благо како никогаш досега. За една година дале 40 милијарди долари за да се облажат.

Рускиот партнер на Бургер Кинг нејќе да затвори

Од централата на Бургер Кинг стигнало барање да бидат затворени сите 800 дуќани на компанијата во Русија. Рускиот партнер кој им го води бизнисот таму - нејќе. А договорот им е комплициран па повлекувањето нема да оди така лесно. Исто и за Марк и Спенсер.

Јутјуб ја цензурираше Тулси Габарт

Видео платформата на Гугл продолжува со отстранување на сите непожелни наративи во врска со војната во Украина. Последна жртва е екс конгресменката Тулси Габарт и проценката дека продолжувањето на војната првенствено е во корист на воено-индустрискиот комплекс кој Украина би ја претворил во уште еден долгогодишен Авганистан.

Најголемата дезинформација од претседателските избори во САД излезе точна

Ај што Њујорк пост беше на чекор од линчување и комплетно да го снема, туку и во одлука без преседан најголемите социјални мрежи еднострано решија дека ќе блокираат содржина на еден од најголемите американски медиуми заради една единствена вест. Сега Њујорк тајмс го потврди постоењето на лаптопот на Хантер Бајден.

Санкциите како оружје за масовно уништување

Ако економските санкции се користат како оружје во меѓународната политика со тоа лесно може да се претера и глобалната економија да се распарчи и балканизира. „Да ги истераме санкцииве кон Русија па после да седнеме да размислиме како тие во иднина да се регулираат“, се размислува на Запад. Со други зборови, да падне договор од кога ќе почне да рачунаме што е фер.

Колатерални олигарси

Во ретко срцепарателно интервју банкротиран руски олигарх се обидува на западните медиуми да им објасни дека руските милијардери главно немаат никакво влијание врз Путин, па со тоа тие за џабе ги јадат санкциите од Западот.

Епл извади плус 6,5 милијарди долари од кратењето полнач и слушалки

Во име на екологија и заштита на животната средина Епл пред некоја година објави дека нивните телефони од стотици долари повеќе нема да бидат испорачувани со стандардните додатоци. За еколошки ќе видиме, ама финансиски Епл само од ова извади неколку македонски годишни буџети.