На чоколади и кондиторски производи, Американците во 2021 година потрошиле машала 36,9 милијарди долари.
Во тешки времиња, човек лесно посегнува по слатко за да се чувствува подобро а стресот од пандемијата и наметнатите рестрикции нудеа многу поводи за тоа. Новиот начин на живот доведе и до бум на онлајн купувањето слатки и нивно конзумира дома. Помогнале и социјалните медиуми; 42% од ТикТокерите учествувале во некој предизвик поврзан со храна.
Продажбата на слатки е порасната за 11% во однос на 2020 и 15,4% во однос на 2019. Се проектира дека во 2026, продажбата ќе достигне ниво од речиси 45 милијарди долари, што е за 22% повеќе од 2021.
Од вкупните 36,9 милијарди од продажбата, најголем дел е на чоколади (21,1 милијарди), не-чоколади (12,7 милијарди) и мастики за џвакање и минтови (3,1 милијарда).
Најмногу рипаат на слатко за време на празниците. Фан факт: јуни е прогласен за „месец на слатките“, само за да се пополни дупката во продажбата меѓу Велигден и Ноќта на вештерките.
Во 2020, само 12% Американци се изјасниле како пушачи. Во 1965 година биле 42%.