Индија ја распакува британската државна делегација

Висока британска делегација од неколку партии, предводена од спикерот на Долниот дом на британскиот парламент, во последен момент била вратена од пат за Индија откако им стигнал абер дека џабе ќе тргаат.

Спикерот на Долниот дом на британскиот парламент, Линдзи Хојл

Делегацијата требаше да ги притисне индиските власти околу одбивањето на Индија да се дистанцира од Русија, како и за дополнителното зближување меѓу двете страни по енергетска и финансиска основа.

„Во последна минута“ индиските власти ги изразиле своите забелешки околу целта на посетата, заради што британските парламентарци се враќаат дома.

Посетата на парламентарната делегација првично беше замислена само како „охрабрување“ за напредок во преговорите за слободна трговија меѓу Британија и Индија. Мисијата на Британците беше драстично сменета по руската инвазија на Украина.

Во вторникот прво Борис Џонсон разговараше со Нарендра Моди во обид да го искористи своето влијание врз премиерот на Индија, за да ја притисне Русија.

Индија не само што не воведе санкции против Русија туку почна со дополнителни нарачки на нафта и почна да работи на систем за плаќање на нафтата во рубљи и рупии. Освен гориво, Индија ќе продолжи да купува и други производи од Русија како и пред војната.

25 март 2022 - 10:23