Блумберг совети за сиромашни за преживување инфлација

Инфлација неизбежно ќе удри, а Блумберг добри вести има само за тие што заработуваат повеќе од 300.000 долари годишно. За другите главно се работи за нијанси околу тоа колку ќе треба да штедат и да се откажуваат.

Зголемувањето на цените на горивата и храната, најмногу ќе удрат на најсиромашните жители на САД, што во бројки (во САД) се оние кои заработуваат меѓу 7.000 и 19.000 долари годишно. Тие и онака најголемиот дел од своите приходи ги трошат на гориво, храна и домување.

Колумнистката на Блумберг, Тереза Гилардучи, ќе каже „очекувам дека најпогодените на класичен начин ќе се адаптираат на инфлацијата со префрлање од релативно скапите производи кон нивна најблиска замена“. За сиромашните да не талкаат во ова, таа предлага и кои чекори да се преземат.

Прв и најважен чекор според нејзе е човек да го спознае својот буџет и да научи како да го контролира, „за планирање на буџетот треба напор и време, ама ти дава сила, а таа сила е дури и поважна во време на инфлација“.

Таа на сиромашните има кажува дека треба да се свесни дека секогаш опција е јавниот превоз, кој е поскапен само 8% во споредба со 38% повисоката цена на горивата.

Анексот на овој совет гласи „сега можеби е и најдобро време за продавање на вашата кола, бидејќи сигурно не е време за купување на нова или половна“. Ова е поддржано со скокот на цените на користените возила од околу 40%.

Кај храната таа исто така е дарежлива со советите и опциите за сиромашни, па водена од берзанските цени на прехранбените производи Гилардучи сумира дека сега е време месото во исхраната на сиромашните да се замени со зеленчук или пак уште поубаво со леќа и грав, чии цени пораснале за само 9%. Освен штедењето користа за сиромашните е што ова е „многу поефикасен и поздрав начин за внесување калории“.

Друга работа е повеќе да купуваат на ситно наместо големи пакувања бидејќи така се трошат и повеќе пари, а ако веќе мора да се купува на големо тоа да го прават заедно со пријатели и да го споделат трошокот.

И ова до сега беше „лесниот“ дел за сиромашните во инфлацијата. Момент кој и Гилардучи признава дека е непријатен е дека истражувачите не им препорачуваат на сиромашните да му прават хемотерапија од 10.000 долари на своето милениче, а ако може и целосно да го баталат миленикот што најверојатно го купиле за време на пандемијата.

Сепак Гилардучи не сака нејзините предвидувања да звучат многу мрачно па ги бодри сиромашните со тоа дека „научниците ни кажуваат дека еластичноста на мозокот се подобрува со пробување на нови несекојдневни работи“.

„Има предност во мешањето на тоа што го консумираш за да се справиш со невообичаените поскапувања: Стануваш многу поотпорен како што создаваш центар на контрола и ги преиспитуваш своите навики,“ ќе порача Гилардучи.

 

22 март 2022 - 11:04