Одбивањето на Пакистан да ја осуди Русија во Обединетите нации се смета за сериозен неуспех на „меѓународната заедница.“ Сепак е тоа земја/пазар со 200 милиони луѓе и држава која е нуклеарна сила со 165 нуклеарни ракети.
За тоа постоеше голем притисок кој кулминираше со писмо на 22 амбасадори и шефови на странски мисии во Исламабад кои бараа Пакистан да се приклучи кон коалицијата земји кои ја осудуваат руската инвазија во Украина.
На гласањето во ОН, Пакистан сепак апстинираше и тука тргнуваат неволјите за владата на Имран Кан.
Закажано му е гласање за недоверба на владата а Кан обвинува дека опозицијата најбезочно купува негови пратеници.
„Попрво ќе заминам отколку да си ја компромитирам совеста,“ изјави пакистанскиот премиер кој им порача на пребегнатите дека ќе им биде простено ако се вразумат и го задржат својот интегритет.
Тој тврди дека во парламентот се носат вреќи со пари со кои се пазарат гласовите потребни за паѓање на неговата влада.
„Вашите деца нема да можат да си најдат партнери, ќе ги исмеваат во училиште. Цел народ ве гледа, во време на социјални медиуми нема да може ништо да скриете, луѓето засекогаш ќе ве знаат како лица кои си ја продале совеста,“ наивно верува пакистанскиот премиер.
Кан потврди дека им рекол одлучно не на бројните емисари од ЕУ и запад дојдени по поддршка на Исламабад против Турција. Според него, самото поставување на такво барање е кршење на протоколите.
„Ништо ние нема да добиеме ако се синхонизираме со политиката на ЕУ“, рече Кан и додаде:
„Станавме дел од американската војна во Авганистан и со тоа изгубивме 80.000 луѓе и 100 милијарди долари. Што ќе добиеме ако се вклучиме во војна со Русија?“ ги праша опозиционерите.
Кан во ваква ситуација ја пофали дури и надворешната политика на пакистанскиот архи-непријател Индија која наспроти санкциите, продолжи да купува руска нафта.