
Александар Колобов, човекот кој го води бизнисот на Бургер Кинг во Русија, ги информирал своите западни партнери дека нема да може така лесно да се затворат дуќаните за брза храна како што посакуваат.
Договорот не може туку така да се прекине, за секоја битна промена на бизнис моделот потребна е и согласност од властите а тоа, јасно, нема набргу да се случи.
Бургер кинг кој во Русија влезе пред 10 години е во сопственост мултинационалната „Ресторан Бренд Интернаионал“ (кои ги имаат и Tim Hortons®, Popeyes® и Firehouse®) кој има малцински удел од 15%. Дел од бизнисот е и афилијација на банката ВТБ, втората најголема финансиска институција во земјата која е под санкции на САД, ЕУ и Британија.
Под притисок на своите влади, огромен број западни фирми ги затворија своите бизниси во Русија но има и такви како Бургер Кинг и Марк и Спенсер кои се обврзани со сложени договори. Вториве во Русија ги води турска фирма.
Во меѓувреме, германскиот производител на автомобили, Ауди, предупреди дека војната во Украина ќе доведе до сериозни пореметувања во ланецот на набавки, не само за чипови, пренесува ББЦ.