Класификацијата на професорот Џефри Соненфелд е во 5 категории:
1. Компании што целосно се повлекле од Русија.
2. Компании што ја суспендирале работата во Русија (со опција да се вратат)
3. Компании што го намалиле обемот на работа.
4. Компании што одложиле инвестиции или развој.
5. Компании што се одбиваат да излезат или да ја намалат работата во Русија.
Меѓу компаниите кои продолжуваат да работат во Русија како ништо да не се случило има корпоративни тешкаши од типот на: Кох индутрија, Сабвеј, Емирати ерлјанс, Кредит свис и Астразенека. До минатата недела на оваа листа беше и една од најголемите американски нафтени компании, Халибуртон.
Од ИТ индустрија во Русија е останат Асус, главно затоа што е тајванска а не американска компанија, а покрај Кредит свис, од банки и финансиски институции во земјата се и: БНП Парибас, Рафајзен и Сосиете генерал.
До сега 165 компании целосно се повлекле од Русија, а 186 ја суспендирале својата работа таму.