Во Русија и понатаму се отворени околу 800 сендвичари на Бургер кинг само затоа што сопственикот на тамошната франшиза одбива да го затвори. Упорноста на рускиот сопственик држи и покрај тоа што глобалниот сопственик на брендот, РБИ, минатата недела целосно го прекина синџирот на снабдување за Русија, како и оперативната и маркетинг поддршка.
Објаснувањето на РБИ за ваквата ситуација е дека имаат многу комплициран договор (во превод - големи пенали) со главниот партнер во Русија, Александер Колобов, со кого една деценија работат Русија.
„Го контактиравме главниот оператор на бизнисот и побаравме суспензија на сите операции на Кинг Бургер во Русија. Тој одби да го направи тоа.
Дали би сакале одма да го суспендираме целосното работење на Кинг бургер во Русија? Да. Дали сме во позиција тоа да го направиме денес? Не.
Во договорот не се предвидени клаузули што ни дозволуваат еднострано да го смениме договорот или да дозволат кој било од партнерите едноставно да напушти или да го откаже целиот договор.
Ниту еден сериозен инвеститор во која било индустрија во светот би се согласил на долгорочна бизнис врска со нестабилни клаузули за раскинување. Токму затоа велиме дека ова е комплициран правен процес,“ пишува претседателот на РБИ, Дејвид Шиар, во писмо до вработените.
Шиар појаснува дека за секој притисок врз Колобов за раскинување на договорот ќе биде неопходна помош од руските власти, кои моментално не се многу заинтересирани за делење правдина за компании кои сакаат да ја напуштат земјата.
Во слична ситуација е и Маркс енд Спенсер, чии продавници на ниво на цела Источна Европа од 1999 се управувани од турската компанија ФиБА, која одбива да ги затвори своите 48 продавници во Русија. Во меѓувреме Маркс енд Спенсер ја прекина целата испорака на стока за ФиБА.