Официјален Вашингтон намерно прави сè што може за постигнување мир во Украина да биде сè потешко остварливо. Меѓу другото и со игнорирање на украинскиот претседател Зеленски и неговата изјава дека се оладиле за влегување во НАТО, смета некогашната конгресменка од Хаваи и претседателски кандидат од Демократската партија.
Габарт рече дека струи во Вашингтон сакаат да ја одолговлекуваат војната затоа што таа е добра за воено-индустрискиот комплекс и им овозможува „да имаат прокси војна со Русија, нешто што неодамна и Хилари Клинтон го скицираше.“
„Оваа воена машинерија, оваа моќна елита во Вашингтон сака да ја претвори Украина во Авганистан, во полиња на смртта во кои долго ќе се поддржуваат воени немири,“ изјави Габарт во интервју за Фокс нуз.
Јутјуб брзо и ревносно реагираше на видеото ставајќи порака: „Следнава содржина од заедницата на Јутјуб е оценета како несоодветна и неприкладна за некои во публиката.“
„Јутјуб/Гугл се навредија од моите критики на воениот комплекс и апелите за преговарачки договор во Украина, бидејќи тие се огранок на воените хушкачи од моќната елита,“ пиша таа на Твитер.
Еве го „несоодветното“: