Деталите околу потенцијалниот нов договор за тргување со нафта меѓу Саудиска Арабија и Кина остануваат нејасни. Двете страни со години зборуваат околу тоа дел од продажбата на нафта да има цена во јуани, и тоа може и да не се случи. Околу 80% од глобалната продажба на нафта е во американски долари, јуанот не е слободно конвертибилна валута како што секоја резервна валута мора да биде, а валутата на Саудиска Арабија, ријалот, е врзана со доларот.
Сепак двете страни наводно се решени, а вестите околу новите разговори испраќаат сигнали на тревога. Саудиска Арабија во 1974 вети дека трговијата со нафта ќе ја врши само во долари, во замена за безбедносни гаранции од Вашингтон. Администрацијата на Бајден го поткопува тој договор на секој чекор, и според сите информации на Саудијците им е смачено.
Една од првите дипломатски одлуки на Администрацијата беше да се стави крај на американската поддршка за саудиската војна против про-иранските Хути во Јемен. Исто така САД на Хутите им ја тргнаа етикетата терористи. Белата куќа потоа ја одложи договорената продажба на оружје на Ријад, што е безбедносен шамар кој не беше коригиран се до крајот на минатата година.
Хутите му возвратија на подарокот на Бајден со тоа што лансираа дронови и ракети врз нафтените полиња и градови на Саудиска Арабија и нејзиниот сојузник, Обединетите Арапски Емирати. Во меѓувреме Саудијците, престрашени, гледаа како Бајден брка нов нуклеарен договор кој ќе му ги даде на Иран ресурсите за финансирање на војните против Саудиска Арабија - додека Техеран да не добие сопствена нуклеарна бомба.
Бајден и неговите советници тврдат дека сето ова е заради човекови права. Тие дојдоа на власт од позиција на морална надмоќ во однос на убиството на новинарот Џамал Кашоги во 2018 нарачано од Ријад. Државниот секретар Блинкен наведе хуманитарна загриженост кога објави дека на Хутите им го укинува обележјето терористи.
Убиството на Кашоги е сурово а страдањето на Јемен е очајно, меѓутоа саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман имаше и некои одлуки кои доведоа до либерализација во земјата. Згора на тоа, на САД му е потребен секој еден пријател што може да го има во проблематичниот дел од светот. Интернационалистите што ја населуваат Администрацијата на Бајден претпоставуваат, погрешно, дека светска моќ како Америка може да си го дозволи луксузот на соработка само со морално чистите.
Саудијците ги прекалкулираа своите интереси откако почнаа да се плашат дека повеќе не можат да се потпрат на САД - заради непријателството покажано од Администрацијата на Бајден и од застрашувачкото повлекување од Авганистан. Престолонаследникот ги одби молбите на Бајден за вадење повеќе нафта, и наводно дури одбил да му крене телефон на претседателот на САД.
Пекинг со задоволство ќе влезе во оваа празнина, и може да има голема корист ако може да го наговори Ријад да прифати јуан-за-нафта договор. Тоа ќе му помогне на Пекинг да почне да го гради скелето за глобален јуан, вклучително и поголемо ширење на валутата низ светот. Ова за возврат ќе ја отвори вратата за Кина да им го понуди јуанот како валута за тргување на противници на САД како Русија и Иран. Со тоа американските економски санкции ќе бидат далеку помалку ефикасни.
Кај резервната валута има многу простор за паѓање, и глобалната доминација на доларот за сега издржува. Меѓутоа Вашингтон треба да возврати на сите нови предизвици - посебно од стратешки ривали. Ова е итна задача за првиот човек на трезорот, Џенет Јелен, претпоставувајќи дека може да се запре себе си од терањето кампања за глобални даноци и климатски промени.
Саудиската збрка ги покажува слабите страни на бајденовото терање правичен либерален интернационализам. Претседателот Трамп премногу често ги избегнуваше американските вредности, меѓутоа Бајден премина премногу далеку во спротивен правец. Тој и неговите советници за надворешна политика изгледа мислат дека застапувањето на човековите права и климата ќе донесат победа за американските интереси. Успешни претседатели, како Роналд Реган, успеаа да спојат идеализам со реализам околу негативците во светот и потребата од нови пријатели.
Во оваа нова ера на конкуренција на Големата сила, САД не може да си дозволи да ги оттуѓи сојузниците кои можат да помогнат да се одвратат авторитарни агресори насочени кон наштетување на вредностите и интересите на САД. Во украинската криза САД ја плаќаат цената за тоа што ја изгубија Саудиска Арабија.