Од една страна симптоматично е тоа што сите американски меинстрим медиуми зборуваат дека Русите во Украина се во ќорсокак.
Од друга страна од Брејкинг поинтс посочуваат дека иако Украинците користат сè што им е на располагање во својата одбрана на земјата од руската инвазија, Русите не се ни блиску до користење на целата воена технологија што им е на располагање.
„И таа анализа се користи како оправдание на ставот ’хеј, се што треба да направиме е да испратиме уште повеќе оружје, дополнително да ја ескалираме количината оружје што ја испраќаме во Украина затоа што тие се на работ навистина да ги одбијат назад руските сили и тоа ќе ја присили Москва на преговори.’
Токму тоа треба да го оправда оваа анализа за ќорсокакот,“ објаснуваат од Брејкинг поинтс.
Проблем во ваквиот наратив е и во тоа што медиумите рускиот ќорсокак го доживуваат триумфално, само затоа што Русите не освојуваат нова територија, меѓутоа како што објаснуваат експертите, во време на „ќорсокак“, историски, се губат најмногу животи, посебно цивилни.