Вести

Со цигари се откажуваат од вејпање

Тутунската индустрија ги промовираше вејповите и електронските цигари како помош за пушачите да ја надминат зависноста од никотин и да ги баталат цигарите. Трикот успеа и многумина од младите се навлекоа на „помалото зло“ за здравјето. Барајќи начин како да се откажат од зависноста, сè почесто посегнуваат по „одвратните цигари“.

Младината од ридовите граба палестински територии

Масовниот напад врз палестинско село на окупираниот Западен Брег го сврте вниманието кон новата и понасилна генерација израелски доселеници. Подемот на политичари што ја застапуваат идеологијата за протерување на Палестинците, на чело со министерот за финансии Безалел Смотрич, им овозможи легитимитет, финансирање и заштита на младите окупатори.

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Ако веќе не можат да го спречат шверцот и консумирањето наркотици во затворите, канадските власти ќе се потрудат барем да го направат дрогирањето „поздраво“. На затворениците ќе им достават хартиени цевчиња за да можат хигиенски да шмркаат дроги и фолии за виткање цигари. Опозицијата остро го критикува проектот и бара нулта толеранција за дроги во затворите.

Речник

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Откако Трамп лани му даде задача да ги скрати непотребните владини трошоци, а потоа го откачи, Илон Маск се враќа на служба во владата, овој пат како шеф на проектот за трасирање на иднината на војувањето. Хегсет, во меѓувреме, ќе настојува да ги построи војниците и да направи чистка меѓу генералите според принципот „помалку кловнови – повеќе каубојци“.

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Кога ќе се исцрпат украинските човечки ресурси, европските мажи и европската територија може да станат следниот потрошен ресурс на САД во војната против Русија преку посредници, пишува Томас Фази. Предупредува дека оваа војна лесно може да прерасне и во нуклеарна престрелка на европска почва, при што Американците нема да трпат директни последици.

Соларни панели десет метри под морето

Во агресивната енергетска трансформација, Кина постави сончеви колектори насекаде – поплочи цели градови, ги крена над автопати и ги нареди на пловечки платформи крај брегот. Сега успеа да произведе енергија и од сончеви колектори потопени под вода, со револуционерна технологија која на тестирањето дала резултати блиски до теоретскиот максимум на ефикасност.

Луѓе се вратија на работа и - продуктивноста опадна

Статистиката укажува на парадокс: додека се работеше од дома, учинокот на вработените не беше намален. Сега е проблемот, кога луѓе навикнати да работат без канцелариски оговарања и шефчиња кои парадираат наоколу, се враќаат на старото место од кое на капитализмот му ги подаруваат најплодните денови од својот живот.  

Каму среќа да е секогаш „когнитивна дисонанца“

Когнитивна дисонанца е кога ти е непријатно што имаш две мислења кои се судираат меѓу себе. Ама барем ти е непријатно. Има и кога тераш две контрадикторни приказни а не ти чуе. Тоа се нарекува двојно мислење и му беше познато уште на Орвел.

Експериментирање со катастрофи

Директори на американски био-лаборатории признаа дека стотина опасни несреќи се имаат случено последните две децении, но дека дури и оние инциденти кои носеле изложување на смртоносни вируси, останале скриени од погледот на јавноста. Затоа Американците се убедени дека инциденти се случуваат само „таму негде“.

Шефот на американските нуклеарки: Ќе биде „големата“

Командантот во чија надлежност се американските нуклеарки, Чарлс Ричард, го расипа апетитот на присутните на една конференција на морнарицата, споделувајќи го впечатокот дека нему Украина му делува само како предјадење за главното јадење. Русија останува акутна закана но главниот непријател е Кина.

Мапирање на енергетското сиромаштво во Европа

Извесно е дека Европа ја чека непријатна зима, „долга и ладна“, како во онаа песна од времето. Досега топлински најлошо во рамките на ЕУ стоеа луѓето во Бугарија, ама тие и онака се греат на глупи идеи за „един плин во две боци“и се палат на отворање клубови на љубители на фашисти.

23-часовен лет за 2 часа со кинескиот диктатор

Многумина го советуваа против, но канцеларот на време слета на аеродромот во Пекинг во петокот наутро околу 9 и 30, пишува германски Билд.

Режисерите на Марвел се „наемни работници“

Тоа што едно време флертуваше со идејата да режира еден од филмовите од „Ѕвездени патеки“ на никој начин не значи дека Тарантино воопшто помислува да припари до Марвел филмовите, напротив, како што вели, ок е вака.

1.000 фамилии ќе тужат клиника на промена на полот

Единствената англиска клиника за „развој на родовиот идентитет“ се соочува со масовна колективна тужба од родители кои се уверени дека клиниката ја злоупотребила збунетоста и ранливоста на нивните деца за да ги насочи кон терапија со неповратните блокатори на пубертет.

Позицијата на Германија во новиот американски светски поредок

Убава е американската приказна дека глобално се одвива борба меѓу „демократии и автократии.“ Но е само приказна. Суштината е многу поконкретна: пристап до енергијата, одржување на униполарниот свет и зависноста од САД. Најголема колатерална жртва е Германија која неверојатно лесно го прифати предлогот да си пука во колено.      

Запад изведе дезинформациски блицкриг за војната во Украина

Австралиски универзитет откри масовна анти-руска ботовска армија која пропагандно го преплави Твитер по руската инвазија на Украина. Во студија која по обем е без преседан, истражувачите утврдиле дека автоматизирани ботови стоеле зад дури 80% од твитовите во кои се дава поддршка за Украина. 

Депресијата не е прашање на серотонин

Ако есенва сте нешто даун, да знаете, не е до хемијата. Нема разлика во нивоата на фамозниот серотонин кај депримираниот и недепримираниот мозок. Добри познавачи на менталното здравје потсетуваат дека тие никогаш и не тврделе поинаку; проблем е кога фармацијата ќе запне а народ ќе си прераскажува што има чуено.

Плановите на ЕУ за обнова на Украина се базираат на руски пари

ЕУ веќе ја разгледува изводливоста на планот за користење на замрзнатите милијарди евра руски пари во западниот банкарски систем за поствоена обнова на Украина.

Новата мисија на САД во Украина е попис на американското оружје

Американските инспектори извршиле инспекција во живо на само околу 10% од 22.000 парчиња оружје што САД и ги има испратено на Украина, а за кои се бара специјален надзор.

Парадоксот на Генерацијата З

Припадниците на Генерација З, оние родени од 1997-ма до 2010-та, по сопствено убедување се многу либерални, се залагаат за сечии права и разумно ги проценуваат тешкотиите во животот. „Единствен“ проблем што го имаат е што не трпат некој да мисли различно од нив. 

Долга е раката на пандемијата

Пандемијата заминува но во наследство ни остава  - вишок смрт. Не се умира од ковид, ама се умира повеќе отколку пред да почне белјата. Зачестените смртни исходи на проблеми со срцето и дијабетес укажуваат дека пандемијата допрва ќе прави зулум и дека индиректно ќе усмрти и повеќе луѓе отколку кога коронавирусот беше главен.

Како Русија плаќа за војната

Девет месеци по почетокот на војната Москва и понатаму успева да генерира милијарди и милијарди од извоз низ светот, без разлика на обидите на западниот дел од овој свет да ја блокираат и отсечат земјата од глобалната економија.

Милош Васиќ: Смеа

Без духовитост, или смисла за хумор, нема добар живот. Зошто? Зашто нашиот живот во оваа долина на солзите веќе е сам по себе небеска гњаважа. Кога еден ден човек сфаќа дека нивниот напумпан авторитет е само маска под која го крадат, е - тогаш е моментот да ги исмее и да ги направи мајмуни, што всушност и се.

И катализатори се крадат на ангро заради Украина

Последниве неколку години нагло пораснале кражбите на автомобилски катализатори во САД. Нивната вредност е во металите кои ги содржат а се дефицитирни на пазарот заради глобално пореметената економија и ланци на набавки. Добро што веќе не се во мода златни заби, по улици ќе ни ги вадеа.

Триесет и три проблеми со медиумите

Интернетот е доминантниот еко-систем во кој луѓето добиваат информации. Изобилие и од публика и од содржини, но многу нешта во тој систем се подрасипани или неповратно отидени бестрага. Не случајно она што некогаш се викаше „новинарство“, сега се нарекува „производство на содржини“. Ко да е трикотажа.

Тешко дека може и ограничување на цената на гасот и гас од Катар

Европскиот предлог за ограничување на цената што се плаќа за природниот гас е „дволичен“ а мешањето во работата на парите е спротивно со правилата за конкуренција што ги има самата Европска унија, е пораката од Доха за Брисел.

Нема мрдање од 8 долари претплата за Твитер

Во основа Твитер и понатаму останува бесплатен за користење, освен ако не сакаш сино стикерче до твоето име. Да не биде дека плаќаш само за амблем, Маск најавува и пакет услуги за претплатниците.

Естаблишментот сакаше да се отараси од Трамп уште рано-рано

Нови материјали обелоденуваат дека ФБИ, заедно со администрацијата на Обама и моќни фигури од естаблишментот на Вашингтон, се имаат намерачено да му го загорчат животот на Трамп уште кога беше само кандидат за станар на Белата куќа. Се сеќавате на фамозното „руско досие“? Ништо од тоа.

Третата светска војна веќе е почната

Нуриел Рубини е универзитетски професор кој и до сега немал ништо позитивно да каже за светот, пример во 2008 предвиде глобална финансиска криза, ама па никогаш до сега не зборувал за Трета светска војна.

Како Русија може да го заобиколи ограничувањето на цената на нафтата од Г7

Неофицијалните граници на цената на нафтата од 40 до 75 долари по барел во времето на Трамп се одржуваа со комбинација на закани (повлекување на армијата од Саудиска Арабија) и награди (гаранции за зголемување на воената помош). Проблемот со овој пристап е што Саудиска Арабија ниту е нуклеарна сила, ниту е сред инвазија на европско тло.