Адвокатите очекуваат околу илјада семејства да се придружат на колективната тужба за медицинска небрежност која наведува дека ранливите и родово збунети деца биле погрешно дијагностицирани и неодговорно упатени на опасно медицинско патешествие кое го менува животот.
Како резултат на тоа тие се соочуваат со „трајни физички и психолошки лузни кои ќе ги следат целиот живот“, се наведува во тужбата против клиниката Тависток.
Обвинението ја товари институцијата дека неодговорно препишувала експериментални блокатори на пубертет кои имаат штетни нус-појави бидејќи имале прифатено „афирмативен, без никакви прашања“ пристап кон децата кои решиле да се идентификуваат како трансџендери.
„Децата и младите адолесценти беа буткани кон хемиски третман без соодветна терапија и вклученост на вистинските клиничари,“ вели Том Гудман од адвокатската фирма која ја поднесува тужбата.
Оваа најава за судска разрешница дојде еден месец откако Националниот здравствен систем на Велика Британија најави дека се планира, оваа клиника да биде затворена заради безбедносни причини.
Во една слична џендер клиника во Глазгов, блокатори на пубертет им биле давани и на 9 годишни деца.
*********
Има злотвори кои уверуваат дека блокаторите на пубертетот се безопасни како да стиснеш пауза на некоја песна, па кога сакаш ќе пуштиш плеј, па песната, тоест пубертетoт, си продолжува кајшто застанал.
Види: Педијатриски волци во јагнешка кожа