За сега сето ова е во почетна фаза во која од правни експерти е побарано да ги разгледаат можните опции за тоа дали и како да се преземе контролата врз парите што сега се под клуч.
Се работи за сума од 300 милијарди долари кои Русија ги чуваше во банките во ЕУ, САД и други нивни сојузници, како девизни резерви. Плановите на ЕУ се однесуваат само за парите на тло на Унијата, меѓутоа за сега не е познато колкава е таа сума.
Европејците ова им го имаат спомнато и на луѓето на Бајден, но за сега тие се држат на дистанца од планот. Во мај, претставници на американското министерство за финансии порачаа дека се загрижени околу ваквиот план бидејќи тој би предизвикал преседан кој ќе ги обесхрабри странските централни банки да продолжат да ги чуваат парите во САД.
Дури и да имаат желба, конфискувањето туѓи девизни резерви би било „правно минско поле“, а патот од замисла до реалност е исклучително долг.
И американската министерка за финансии околу темата изјави дека запленувањето „не е нешто што е законски дозволено во САД“ но дека е многу природно дека по целото уништување во Украина, тие ќе извршат притисок врз Русија да плати барем еден дел од цената за обновување.
Една од опциите што ги спомена министерот за правда на ЕУ, Дидие Рејндерс е комплетните руски резерви да останат замрзнати се додека Русија самата не одлучи да учествува во реконструкцијата на Украина.
Плус, ЕУ на овие пари би сакала да ги додаде и парите запленети од Руси на нивната листа на санкции. Се проценува дека по оваа основа ЕУ има замрзнато околу 17,5 милијарди евра.
Украинските власти проценуваат дека реконструкцијата на земјата ќе чини 750 милијарди долари, заклучно со крајот на септември.