Кога Британија првпат отиде под клуч во март 2020, просечната стапка на дневно починати од ковид изнесуваше 213 луѓе, што таму запали национален аларм.
Сега земјата бележи сличен број починати секој ден, од кои повеќето не умираат од вирусот, па сепак, владата и здравствените институции главно молчат.
Податоците велат дека во изминативе шест месеци, други фактори убиле повеќе луѓе одошто коронавирусот за цела измината година. Во Велс, забележани се 18.394 починати од ковид, но од мај наваму имало вишок 23.195 непосакувани исходи кои се должат на други компликации.
Се претпоставува дека последиците од пандемијата и долгогодишните проблеми во здравствениот сектор имаат направено услови за „перфектна бура“ која сега коси по Британија.
„Бевме фокусирани на непосредните ефекти од масовното умирање од ковид, но требаше да биде јасно дека индиректните последици веројатно ќе донесат повеќе смрт и повеќе економски последици одошто самиот вирус,“ вели лондонскиот кардиолог, Амитава Банерџе.
Некои велат дека сегашните бројки и не се толку страшни ако се зема предвид и стареењето на популацијата. Сепак, сите очекуваа откако ќе го решиме главниот убиец, коронавирусот, стапката на смртност да опадне.
А тоа, еве, не се случува.