Германија стана економски сателит во Новата студена војна на Америка со Русија, Кина и остатокот од Евроазија. На Германија и на другите земји на НАТО им беше наложено врз себе да воведат санкции кои ќе опстанат подолго од денешната прокси војна во Украина.
Американскиот претседател Бајден и Стејт департментот објаснија дека Украина е само воведна арена во една многу поширока динамика што го дели светот на две спротивставени групи на економски сојузи.
Оваа глобална фрактура најавува дека ќе биде десет или дваесетгодишна борба која ќе одреди дали светската економија ќе биде униполарна доларизирана економија со центар во САД или пак мултиполарен и повеќевалутен свет, со центар во Евроазија, со мешани јавни/приватни економии.
Претседателот Бајден го окарактеризира овој раскол како битка меѓу демократии и автократии. Терминологијата е типичен орвеловски двоен говор. Под „демократии“ тој мисли на САД и сојузничките западни финансиски олигархии. Нивната цел е да го префрлат економското планирање, од рацете на избраните влади, на Волстрит и другите финансиски центри под контрола на САД. Американските дипломати ги користат ММФ и Светската банка за да се осигура приватизација на светската инфраструктура и зависноста од американската технологија, нафта и извоз на храна.
Под „автократија“, Бајден мисли на земјите кои пружаат отпор. Во пракса тоа значи промовирање на соптвениот економски раст и животни стандарди.
Земјата која претрпува најголема „колатерална штета“ во оваа глобална фрактура е Германија. Како најнапредна индустриска економија во Европа, германскиот челик, хемикалиите, машините, автомобилите и другите производи за широка потрошувачка се најзависни од увозот на руски гас, нафта и метали, од алуминиум до титаниум и паладиум.
И покрај двата цевководи „Северен тек“ изградени за на Германија да ѝ обезбедат евтина енергија, на Германија и беше наложено да се исклучи од рускиот гас и практично да се деиндустријализира. Ова значи крај на нејзината економска надмоќ.
Клучот за растот на БДП во Германија, како и во другите земји, е потрошувачката на енергија по работник.
Анти-руските санкции ја прават Новата Студена војна инхерентно анти-германска. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Германија треба да го замени евтиниот руски со скапиот американски течен гас (ЛНГ). За да го увезе овој гас, Германија ќе мора брзо да потроши над 5 милијарди долари за да изгради пристанишен капацитет за ракување со танкери со ЛНГ.
Ефектот ќе биде: германската индустрија ќе стане неконкурентна. Ќе се банкротира сè почесто, вработеноста ќе се намалува, а благодарејќи на германските про-НАТО лидери, ќе се живее во наметната хронична депресија и пад на животниот стандард.
Политичките теории претпоставуваат дека државите ќе дејствуваат во свој личен интерес. Во спротивно, се работи за сателитски земји, кои не ја контролираат сопствената судбина. Германија ги потчини својата индустрија и животниот стандард на диктатите на американската дипломатија и личниот интерес на американскиот сектор за нафта и гас. Тоа го прави доброволно - не поради воена сила, туку поради идеолошко верување дека светската економија треба да ја водат американските планери од Студената војна.
Денешната американска политика е фасцинантно слична на декретите на папата Грегори Седми од 1074 година со кои се обликуваше стратегијата на Рим да ја задржи својата моќ во Европа.
Тогаш се реши бискупи да не се избираат локално туку дека е тоа прашање за централата. Денес со иста цел се спонзорираат шарени револуции и воени диктатури во Латинска Америка, креирајќи клиентелистички олигархиии кои ќе им служат на американските корпоративни и финансиски интереси. Пучот од 2014 во Украина е само последната вежба на ова американско право да именува и поставува свои „бискупи“.
Тогашните декрети им даваа на Папите право да екскомуницираат секој оној што „не е во мир со римокатоличката црква“. Денес НАТО, ММФ, Светската банка и СТО се пандан на таквата моќ и служат како ефикасни алатки за екскомуницирање на сите што „не се во мир со американската политика“.
Суштина на американската политика е да ја контролира енергијата. Токму такви беа војните во Ирак, Либија, Сирија, Авганистан и Украина. Тоа веќе не е толку апстрактно како приказната за „демократии наспроти автократии“. Се работи за способноста на САД да им наштети на други земји со попречување на нивниот пристап до енергија и други основни потреби.
Без наративот „добро наспроти зло“ на Новата Студена војна, санкциите на САД губат смисла и пропаѓа нивната намера да ја поремети меѓусебната трговија меѓу Западна Европа од една, и Русија и Кина, од друга страна. Тоа е контекстот за денешната војна во Украина, која треба да биде само првиот чекор во очекуваната 20-годишна борба на САД да го спречат светот да стане мултиполарен. Овој процес ќе ги заклучи Германија и Европа во зависност од американските резерви на ЛНГ.
Главниот трик беше да се убеди Германија дека е зависна од САД за нејзината воена безбедност. А она за што навистина ѝ треба е заштита од американската војна против Кина и Русија кои ја маргинализираат и „украинизираат“ Европа.
Мајкл Хадсон,
американски економист и универзитетски професор
Види и: