Ова го заклучува истрага на Интерсепт кои, повикувајќи се на законот за достапност на информации, дошле во посед на преку 5.500 страници извештаи кои ги имал Националниот институт за здравје.
„Луѓето веруваат дека несреќи во лабораториите се случуваат исклучително ретко а и кога ќе се случат, тоа веројатно е во помалку организирани лаборатории во странство. Тоа, едноставно, не е вистина,“ изјави за медиумот молекуларниот биолог од Универзитетот Ратгерс, Ричард Ебрајт.
Погрешната перцепција на јавноста произлегува од фактот дека Американците воопшто не дознаваат што се случува во нивните био-хемиски лаборатории.
Лабораториските незгоди главно се пријавуваат на Националниот институт кој е најголемиот светски финансиер на био-медицински истражувања, но од таму не се пренесуваат до јавноста, дури и кога се работи за био-лаборатории од ниво 3 или 4.
Еден таков инцидент се случил во 2016 година, кога студентка на Универзитет во Сент Луис случајно се боцнала со игла откако на глушец му вбризгала рекомбинантен сој од вирусот чикунгунја. Таа не ја пријавила несреќата, сè додека не се разболела и побарала помош во локалната болница.
Универзитетот во пријавил инцидентот на Институтот, но тој остана во тајност сè додека не дојде во раце на Интерсепт.
Тој вирус првпат е идентификуван во Танзанија во 1950-тите години, исцрпувачки е и потенцијално смртоносен, а може да доведе до хроничен артритис. На локалниот јазик, неговото име значи „свиткан од болка“, а посериозен број случаи забележани се во САД и Италија, меѓу 2007 и 2017 година.
Истрагата на Интерсепт открива широк спектар други несреќи во лабораториите. Во 2018 година, истражувач од американската Агенција за храна и лекови се заразил со МРСА откако работел со бактерии отпорни на антибиотици.
Универзитетот од Северна Каролина, за две години има пријавено бегство на пет лабораториски глувци од кои барем еден бил заразен со САРС.