Мапирање на енергетското сиромаштво во Европа

Извесно е дека Европа ја чека непријатна зима, „долга и ладна“, како во онаа песна од времето. Досега топлински најлошо во рамките на ЕУ стоеа луѓето во Бугарија, ама тие и онака се греат на глупи идеи за „един плин во две боци“и се палат на отворање клубови на љубители на фашисти.

На Европа назад ѝ е зимата.

Без рускиот природен гас, сојузот има недостаток од енергија. Ова ги качи сметките за греење, и во најголем дел од државите на ЕУ, товарот паѓа на домаќинствата. Само во Велика Британија, се очекува едно од три домаќинства да биде доведено до тн. енергетска сиромаштија. 

Ана Флек од Статиста вели дека доволно загреан дом не е баш сечија привилегија во Европската Унија. И пред почетокот на енергетската криза, речиси 8% од населението не било во можност прописно да згрее по дома.

Според податоците на Евростат, најпогодена од недостатокот на гориво била Бугарија, каде минатата година тоа го почувствувал секој четврти (23,7%), а следат Литванија (22,5%) и Кипар (19,4%)

Најниски стапки се забележани во Швајцарија (0,2%) и Норвешка (0,8%). Во јужна Европа поголем е уделот на оние кои не биле во можност асално да се загреат. 

Европскиот просек бил 6,9%. Кога ќе бидат објавени податоците за 2022, може да очекуваме и полоши бројки. 

7 ноември 2022 - 10:24