Вести

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Речник

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Трамп и Пезешкијан потпишаа крај на војната

Еден ден порано од најавеното, САД и Иран го потпишаа Меморандумот со кој ја завршуваат војната. 14-те точки од договорот сведочат дека САД не добиваат ништо што го немале пред војната, а Иран добива укинување на санкциите, деблокирање на сметките, фонд за обнова од 300 милијарди долари, а веројатно и право да наплаќа за поминување низ Ормускиот проток.

Иран е поголем пораз од Виетнам

На својата втора инаугурација Доналд Трамп изјави дека изборите на кои победи ќе бидат запаметени како најзначајните во историјата. Ја постигна таа цел со поразот од Иран во војната што самиот ја избра. Предизвика стратешка катастрофа со подолготрајни и подлабоки последици од поразот на САД во Виетнамската војна.

Конгресот е машина за инсајдерско тргување

Независна платформа со вештачка интелигенција ја откри најголемата операција за инсајдерско тргување во Америка – во законодавниот дом на САД. Повеќе од половината од сите берзански тргувања на пратениците во Претставничкиот дом и во Сенатот биле поврзани со акции на компании врз кои конгресмените имаат влијание преку комитетите во кои учествуваат.

Трамп не ја разбира војната што ја изгуби

Наместо да ја потврди капитулацијата пред Иран, Трамп дава изјави бизарни дури и според неговите стандарди. Режимот во Техеран, кој беше „олицетворение на злото“ сега е „разумен партнер“. Нуклеарниот материјал кој беше „егзистенцијална закана“ за Америка, сега можеби засекогаш ќе остане во Иран. Дали претседателот сè уште ги разбира зборовите што ги кажува?

Им плаќаат за да гледаат фудбал од стаклена коцка на Тајмс сквер

Двајца американски навивачи се избрани од илјадници кандидати за „совршената работа“ – ќе добијат по 50.000 долари за да седат на кауч и да ги гледаат преносите од натпреварите од Светското првенство во фудбал. Единствениот услов е да ги следат сите 104 натпревари од стаклена коцка поставена на преполниот Тајмс сквер во Њујорк.

Откриени потписите на шизофренијата и биполарното растројство во мозокот

Со иновативен начин на проучување на човечкиот мозок, научници открија дека ментални состојби како шизофренијата и биполарното растројство оставаат уникатни електро-физиолошки потписи во мозочните мрежи. Откритието може да помогне за попрецизно дијагностицирање на менталните состојби и за дизајнирање персонални третмани за лекување.

САД со иранска тактика шверцувале нафта низ Ормускиот проток

Во обид да ја протнат нафта преку блокираниот Ормуски проток, американските сили ја копирале тактиката со која Иран со години наназад ги избегнува санкциите за извоз на нафта. Танкери со воена придружба се пробивале низ опасната зона, а потоа среде море ја преточувале нафтата во супертанкери. На овој начин за месец и пол низ блокадата поминале 90 милиони барели нафта.

Војната во Иран им донесе 23,5 милијарди долари на енергетските тајкуни

Војната што Трамп му ја објави на Иран и ја загуби ги чинеше Американците над 100 милијарди долари, штетата во Иран е 270 милијарди, а во арапските земји близу 200 милијарди. Но, за некои, војната се покажа многу профитабилен бизнис. На тајкуните од големите енергетски компании секој нов ден од војната од 28 февруари па досега им носел по 300 милиони долари.

Со пристап до базата на Гугл и баба знае да се клади

Инженер вработен во Гугл го злоупотребил привилегираниот пристап до доверливи податоци за да добие 1,2 милиони долари на пазарот за предвидувања Полимаркет. Се обложил на 2,7 милиони долари за прашање на кое го знаел одговорот: Дали најпребаруваната личност на Гугл во 2025 година ќе биде папата Лав, сопругата на Канје Вест или  D4vd?

Израел извезува производи од окупираните територии како свои

Овошјето и зеленчукот што еврејски доселеници го одгледуваат во нелегалните населби на окупираните палестински територии се извезува во Европа како „произведено во Израел“, за да се избегнат царински давачки од милиони евра. Со толерирање на фалсификатот, Европа всушност го финансира проширувањето на израелската окупација на палестинските територии.

Па што има во Договорот со Иран?

Доналд Трамп и спикерот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф потврдија дека електронски потпишале договор што води кон крај на војната, но деталите што точно договориле нема да бидат познати до петок. Всушност, тоа дури и не е мировен договор, туку „Меморандум за разбирање“ што ги поставува условите за преговори за вистинскиот договор во следните 60 дена.

Украински дрон самостојно убил руски војници

Од Украина до Израел, дроновите денес се ударната сила за извидување и напади на бојното поле, но секогаш имало човек што ја давал завршната наредба за убиство. Украински конструктор го потврди првиот случај на дрон што автономно лоцирал и убил непријателски војници без каква било интервенција од човек. Опасната критична точка била премината уште пред две години.

Девет нијанси на политички бинарната Америка

Американските гласачи се предизборно поларизирани во црвен и во син табор, но истражувачкиот центар Пју издвојува девет разни нијанси на политичката мапа на САД. И републиканците и демократите ги дели во четири подгрупи со специфични ставови за економијата, имиграцијата, безбедноста и абортусот, а точно меѓу нив е „фалшливата средина“ со мал интерес за политиката.

Трамп покажа кој пали и гаси со ВИ

Вашингтон штотуку го потсети светот кој навистина ја држи моќта во ерата на вештачката интелигенција. Забраната на двете супермоќни алатки за хакирање на Антропик одекна како тревога за будење во Европа и во Британија да градат сопствени алтернативи ако сакаат да се ослободат од технолошката зависност и да опстанат во новата индустриска ера.

САД финансирале експерименти со вируси во биолаборатории во над 30 земји

Директорката на разузнавањето на САД објави документи што ги потврдуваат сомневањата дека САД финансирале крајно ризични експерименти со најопасните вируси познати на човештвото во 120 биолаборатории низ светот, главно во Украина. Се истражувале стекнување функции кај вируси, и се проучувале антракс, туберкулоза, чума, ебола, МЕРС и САРС.

САД и Иран договорија рамка за крај на војната

По 106 дена војна и 38 најави од Доналд Трамп дека двете страни се близу до договор, САД и Иран конечно договорија рамка за крај на војната. Ситуацијата практично се враќа на онаа пред да почне војната, со разлика што ќе бидат укинати санкции за Техеран. Во меѓувреме загинаа над 7.000 луѓе, јужен Либан е срамнет со земја, а светот три и пол месеци остана без нафта и гас.

Брисел, европскиот град на макроата

Kратка прошетка јужно од зградата на Европскиот парламент во Брисел води кон Авенијата Луиз, одговорот на белгиската престолнина на Шанзелизе - делница од три километри со луксузни ресторани и луксузни хотели во убави згради. Некои доаѓаат тука за дизајнерските бутици. Други доаѓаат за секс.

САД депортира Иранци во Африка

Пред и за време на нападот на Иран, официјален Вашингтон изразуваше длабока загриженост за човековите права во Иран и состојбата на луѓето под власта на теократскиот режим. Такви страдалници се оние кои некако успеале да избегаат од земјата, да дојдат во ветената Америка и таму да побараат азил. Но, Америка им покажа други сценарија за нив. 

Украина стана махер за воени иновации

Војната може да поттикне значителни иновации (или пропаганда, зависи како ја читате веста од британски Телеграф), а тоа го покажува и руско-украинскиот конфликт. Министерството за одбрана на Украина соопшти дека за само еден месец произвеле 175 нови системи за оружје, од кои 95 проценти се комплетно од домашно производство. На Америка ѝ требаат десет години за да скоцка два нови.

Ништо не може да ја спаси Кина од демографски колапс

Намалувањето на населението на Кина е толку силно изразен што дури ни враќање на нивото на фертилитет не може да спречи намалување на населението за 40% до крајот на овој век. Се намалува бројот на жени на репродуктивна возраст и никакви пари и стимулации од владата не можат да произведат жени кои никогаш не се родиле.

Трамп и Путин сакаа брзи победи. Добија вечни војни

Доналд Трамп и Владимир Путин почнаа војни што не можат да ги завршат. И двајцата очекуваа нивните непријатели да капитулираат за неколку недели. И двајцата ги игнорираа советниците дека победата нема да дојде толку лесно. И двајцата сè уште веруваат дека можат да го диктираат исходот. И двајцата се изолираа во меури од ласкање и незнаење.

Маск брои пари во билиони

Илон Маск одбројува до моментот кога ќе стане првиот билионер. Вечерва на берзата ќе се појави неговата SpaceX, која од иницијалната јавна понуда на делници (IPO) веќе собра 75 милијарди долари и доби историски најголема почетна вредност од 1,7 билиони долари. Не дека досега му беа малку милијарди - повеќе од БДП-то на неговата родна Јужна Африка.

Париз и Берлин бараат да се укине дипломатската служба на Каја Калас

Членки на ЕУ не сакаат повеќе да трошат по 1 милијарда евра годишно на паралелната дипломатска служба под команда на Каја Калас, која не испорачува резултати, а притоа е во судир на надлежности со Европската комисија. Политичките пресметки и неефикасниот дипломатски апарат ја направи ЕУ нем посматрач на големите геополитички промени.

На европските сојузници им фали дигитална кичма

Операцијата Епски бес против Иран откри колку е важен дигиталниот „облак“ за логистиката на современите војни. За време на кампањата максималната дневна употреба на систем за таргетирање со ВИ на Пентагон се зголеми за 4.425%. Тоа е недостижно за европските сојузници, кои немаат свој „облак“, секој влече на своја страна и не можат да усогласат стандарди.