Вести

ЕУ крева антидемократски штит

Битката за слободата на говорот во Европа веќе не се однесува само на тоа што на луѓето законски им е дозволено да го кажат. Сега станува збор за нешто пошироко: кој одлучува што може да видат, кому треба да му веруваат и кои идеи се класифицирани како ризици, сето тоа сервирано како „борба против дезинформациите“.

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Речник

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Украина: Оружје има, луѓе и морал послабо

Украина има сè поголем проблем со моралот и дезертерството. Воени офицери кои воделе некои од најжестоките битки веќе не можат да гледаат како им умираат луѓето. Дезертерството особено е зачестено меѓу новодојдените војници. Ќе отидат еднаш на позиција, ако преживеат, веќе не се  враќаат. 

Овес, банани и јогурт, кај деца знаат да тераат накај дијабет

Децата кои се подложни на тип 1 дијабетес и јадат банани, овес и јогурт е поверојатно да ја развијат болеста, додека ако истите консумираат јагоди и боровници го намалуваат ризикот од болеста, пренесува Гардијан.

Бајден во последни 4 години има одморено за 48 години

Откако ја предаде претседателска номинација на Камала, снимките и фотографиите од Бајден главно се како одмара на лежалка на плажа. Излезе дека и добар дел од мандатот така му минал.

Американците во милијарди долари була од крипто измами

Само минатата година измамници успеале да им украдат над 5,6 милијарди долари на Американци на најразлични шеми и измами поврзани со криптовалути и ова е за 45% повеќе отколку во 2022, покажува извештај на ФБИ.

На ЕУ ѝ треба дупло посилен Маршалов план, инаку пропаѓа

ЕУ ќе треба масовно да инвесртира за да го запре сè поголемото заостанување зад САД и Кина, порача Марио Драги, претставувајќи го долгоочекуваниот извештај за конкурентноста на европската економија. Неговиот документ ќе биде стратешка насока за новата Европска комисија и во него има 170 препораки од кои клучна е дека на ЕУ ѝ требаат 800 милијарди инвестиции годишно.

ЦИА: Во еден момент реално беше ризично Путин да прибегне кон нуклеарно оружје

Шефот на американската разузнавачка агенција, Вилијам Барнс, првпат јавно призна дека навистина постоел ризик Русија да употреби тактичко нуклеарно оружје. Било тоа есента 2022 година, во текот на првите месеци од војната во Украина. Итно отишол да се види со рускиот колега.

Сè наопачки: Во Сахара се истура од врнење

На климатските шизења веќе не им се фаќа крај: Во Сахара, огромното пространство познато по дифолтната суша, со денови паѓа дожд (ќе мора камилите на перење да ги носат). Се случувал сличен дожд и порано, но не во овој дел од годината. Пустината очекува месецов да падне не еднаш, не двапати, туку пет пати повеќе дожд од обично.

Изборен аларм во Германија

На изборите во две германски покраини резултатите беа аларманти за меинстрим партиите. Социјалдемократите едвај го минаа изборниот праг за влегување во парламентот, Зелените веќе ги нема во едниот од нив. Предолго молчеа за проблемите на луѓето, оставајќи ѝ отворен простор на крајната десница која тоа знаеше да го искористи. Прв проблем - имиграцијата. 

Декриминилизарана дрога многу се опушти

Пред четири години Орегон го донесе најлибералниот закон во САД за декриминилизарање на дрогите. Во меѓувреме, злоупотребите на дроги и несаканите општествени нус-појави толку многу се прошириле што веќе не можеш дете да пуштиш на улица. Сега повторно ја криминализираат дрогата, дилерите ќе се казнуваат а оние со мали дози ќе бираат меѓу казна и превоспитување.

Нè слушаат ли телефоните? Е, не.

До пред некоја година тоа беше само уште една од „теориите на заговор“ кои беа исмевани. Во меѓувреме, се намножија премногу поединечни искуства дека штом падне муабет со некого за нешто (и не мора да е преку телефон), на следното отворање на интернет чудесно се појавуваат реклами баш за тоа што било тема на разговорот. Сега излегуваат и потврди дека микрофонот слуша и кога телефонот не се користи.

Мадрид ќе забрани електрични скутери, затоа што се неподносливи

Апликациите за изнајмување е-скутери, заедно сосе скутерите, повеќе не се дозволени на територијата на Мадрид, затоа што не успеале да воведат ред каде истите да се изнајмуваат и  паркираат низ градот. Освен што на сегашните оператори ќе им бидат одземени лиценците, градот не планира да дава нови.

Франција ископа закон за да го обвини основачот на Телеграм

Едно од обвиненијата заради кои беше уапсен Павел Дуров се базира на закон за криптографија од 2004 и тоа е проблем за целосен технолошки сектор во ЕУ.

Цела планета се загрева, Велика Британија се лади

Оговодинешното лето е најжешкото лето на оваа планета досега и за тоа не треба никој да нè убедува. За климатски научници ваквите резултати се крајно алармантни бидејќи последниве 12 месеци ја пробија „апокалиптичната“ бариера од 1,5 целзиусови над прединдустриското доба.  Во Англија, пак, летото не било поладно речиси десет години.

Рио Тинто ја пазари и последната куќа која му треба за рудникот

Рударскиот гигант веќе поседува 51 од 52-те куќи во Горње Недељице, на просторот на планираниот рудниик за литиум. Сега ја купува и таа. Давале одлични пари (и по 700.000 евра) па отпорот сега го водат оние мештани кои живеат во куќи кои итно не му требаат на Рио Тинто.

Тутунски банди водат војни по Австралија

Упорната, неколкудецениска војна против цигарите и пушењето во Австралија резултираше со стабилен и постојан пад на бројот на пушачи во земјата. Сè додека тој пад одеднаш не престана и покажа дека постои одреден дел од луѓето кои ќе продолжат да пушат без разлика на сè. А тие се доволно голем и добар пазар за да се заинтересира подземјето.     

Јапонец спие само по 30 минути за да си го дуплира животот

40 годишен човек од Јапонија дошол до заклучок дека вообичаеените 16 будни часа во денот не му се доволни за да направи сè што сака и планира, па не само што сам се натерал да му е доста само пола саат спиење, туку сега и други учи да спијат кратко. А што прави тој па што толку не може да стигне? Хмм, билдер е.  

Не колабира Хамас, туку Израел

Некои тврдат дека повлекувањето на војската од Газа по потпишување на договор со Хамас за заложниците би било исто како и да си поразен и да се предаваш. Тие тврдат дека ова ќе ни се врати како бумеранг, во форма на уште еден напад, пишува пензионираниот израелски генерал-мајор Јицак Брик.

Каде е солидарноста со авганистанските жени?

Владејачките талибанци неодамна издадоа низа брутални забрани за жените. Не им е дозволено да зборуваат јавно. Комплетно е забрането пеење и читање на глас. Не смееат да се видат со машко ако не им е маж или роднина. Од глава до петици мора да бидат покриени во црно. Какба е реакцијата на „меѓународниот поредок заснован на вредности“? Штурци.

Во Шведска по шведски правила и вредности

Како ретко кога во изминативе децении, висока шведска функционерка, и тоа потпретседателка на влада, јавно изјави дека во Шведска нема место за муслиманите кои не ги прифаќаат шведските вредности.

Работници со право на игнорирање шеф

По ново, цела Австралија има право на исклучување, што значи целосно игнорирање на пораки, мејлови и телефонски повици од директорот, газдата, претпоставениот, по завршувањето на работното време.

На Гркинка кога и се сака, и се сака

Во прилично уникатен инцидент и за вон Грција, неименувана Гркинка потпалува пожар на Пелопонез затоа што „уживала во гледањето пожарникари и во флертувањето со истите.“

Дали западната култура не ги остава младите да пораснат?

Кога повозрасен шеф и кажува на својата 20-годишна вработена дека во зборот „hamster“ нема буква „P“, таа му враќа дека секогаш така го пишува зборот. Кога овој и предлага да проверат во речник, таа и се јавува на својата мајка ставајќи ја на спикерфон и низ солзи бара од мајката да му каже на шефот да не биде толку лош со нејзе.

Нвидиа со крах од стотици милијарди долари

За само еден ден вредноста на акциите на Нвидиа падна за 9,5% што сметано според вредноста што компанијата ја имаше пред крахот значи дека за 24 часа Нвидиа изгуби 279 милијарди долари.

Демократски е кога демократија цензурира слободен говор

Гревот на Телеграм е што не успеал да направи разлика меѓу барањата на автократски режими и барањата на легитимни слободарски демократски режими, со цела своја сериозност порачува Џон Торнхил во својата колумна за Фајненшл тајмс.