Оваа година најверојатно ќе биде најтоплата досега на глобално ниво, предвидување откако службата за мониторинг на климата на Европската унија (Коперник) го забележа најтоплото лето од почетокот на мерењата во 1940 година.
Температурите беа натпросечни во поголемиот дел од Европа а југот на континентот долго се печеше на плус 40.
Надвор од Европа, температури над нивниот просек ова лето имаа источен Антарктик, Мексико, Канада, североисточна Африка, Иран, Кина, Јапонија и Австралија.
„Последниве три месеци од 2024, планетата го доживеа најтоплиот јунi и август, најжешкиот ден во историјата и најтоплото лето,“ вели директорот на Коперник.
Температурите почна да ги качува во 2023 и почетокот на 2024 година цикличниот временски феномен Ел Нино, кој ги загрева површинските води во источниот дел на Тихиот Океан, а во меѓувреме, задоцни спротивниот феномен на циклично ладење Ла Нина.
Од своја страна, мониторингот на температурите во Обединетото кралство го регистрираа најладното лето од 2015 година. Јуни и јули биле под просекот а август само малку над. Делови од Шкотска имале двојно повеќе летни врнежи од обично.
Рекордна температура годинава имал Кембриџ на 12 август, кога биле измерени 34,8 целзиусови, она кога кај нас викаме „Попушти топлото.“