„Пазарот се покажа дека е неспособен да ги спроведе барањата од администрацијата на градоначалникот за да се осигури највисоко ниво на безбедност за граѓаните,“ порачуваат од градот.
Мадрид е последниот од серијата поголеми европски градови на кои им е смачено од огромниот број електрични скутери на нивните улици, тротоари, паркинзи, влезови и најразлични јавни површини, и посебно нивното невнимателно возење каде ќе стигнат.
Пред забраната Мадрид на неколкуте компании кои изнајмуваат скутери им нареди да имплементираат технологија кој ќе ги присили корисниците да ги остават скутерите само на местата на кои тоа е дозволено, и истите да не можат да ги преземат на пешачки улици и во близина на историски паркови.