Во студијата што ја прави Финскиот институт за здравје, како ризичен фактор за автоимуната болест се покажала и пченицата, додека зеленчук како брокула, карфиол и зелка имаат заштитен ефект.
Професорката зад студијата, Суви Виртанен, објаснува дека фактот што одредени плодови содржат траги на пестициди објаснува зошто дел од нив го зголемуваат, а други го намалуваат, ризикот од тип 1 дијабетес.
Во студијата се анализирала исхраната на 5.674 фински деца кои биле генетски подложни на болеста. Тие биле следени од раѓање до 6-годишна возраст. 94% од нив добиле тип 1 дијабетес.
Истражувачите анализирале 34 различни групи на храна и заклучиле дека колку повеќе децата јаделе овошје како банани или житарки како овес и 'рж толку бил поголем ризикот од болеста.
„Овој заклучок може да ги збуни родителите, бидејќи голем број од храната што откривме дека се поврзува со поголем ризик од тип 1 дијабетес се смета дека е дел од здрава исхрана,“ порачува Виртанен.
Наспроти ова, јадењето јагоди, малини, боровница, рибизла и слично, ги штителе децата од болеста. Колку повеќе јаделе толку понизок бил ризикот.
Претпоставката на научниците е дека предноста на бобинките најверојатно се должи на тоа што се богати со соединението полифенол, за кое се знае дека ги смирува воспаленијата кои се поврзуваат со развивање на болеста, плус тие обично не се прскаат со истите пестициди што се користат кај другите овошја.
Таа порачува дека во оваа фаза е прерано да се дадат прехранбени препораки за тоа што треба да јадат новороденчиња и бебиња.