Она што во 2024 се смета за контроверзна изјава е дека во Шведска нема место на шеријат и дека Исламот мора да се адаптира на шведските вредности.
„Исламот мора да се адаптира на шведските вредности. Муслиманите кои нема да се интегрираат мора да ја напуштат земјата. За убиства за чест, отсекување глави, каменување жени и шеријат во Шведска нема место,“ порачала Буш.
Таа е на став дека секој треба да ја практикува својата религија на начин кој ќе биде компатибилен со шведските вредности, закони и етика, и со почитување на основните човекови права што ги гарантира земјата.
Со тоа што побара поголема компатибилност на Исламот со Шведска и останатите религии во земјата, Буш беше обвинета дека поттикнува исламофобија и дека ја стигматизира муслиманската заедница. Според критичарите на Буш, таа само дополнително ќе ги оддалечи муслиманите во земјата од интегрирање во општеството.