Раритетен климатски настан се случува во африканската пустина во која со денови врне. Тоа се количини на вода кои не се импозантни за некои други делови на светот но за тамошни прилики се зачудувачки.
Во септември ќе паднат пет пати поголеми количини отколку што е повеќегодишниот просек на пустината.
Вакви врнежи таму ретко се случуваат, особено не во есен и обично се знак дека нешто се менува во атмосферскиот состав на Земјата, пишува Т-Портал.
Невообичаено обилни дождови имало и во Мали и Мавританија.
Сахара е едно од најсушните подрачја на оваа планета. Една е од најголемите и најтопли пустини која се протега од Атлантскиот океан на запад, до Црвеното море на исток, на преку 9,2 милиони квадратни километри.