CNN разговарал со шестмина заповедници и офицери на украински воени формации кои се борат или до скоро се бореле во некои од најжестоките и најкрвави битки од руско-украисската војна.
Четворица барале да останат анонимни а сите рекле дека дезертерството и непослушноста се сè поголем проблем, особено меѓу новодојдените војници.
Еден од соговорниците командувал со формација од 800 војници. Една од неговите последни битки била онаа кај градот Покровск кој е на пат да падне во руски раце. Откако огромен број негови луѓе загинале, решил дека му е доста, побарал прекоманда и сега службува во Киев. За CNN рекол дека веќе не можел да гледа како му умираат луѓе.
Две ипол години од руската офанзива има десеткувано многу украински единици. Нема доволно засилување што активните војници ги исцрпува и деморализира.
Не ги напуштаат сите мобилизирани војници своите позиции но многумина го прават тоа. Кога ќе дојдат нови дечки, ќе видат колку е заебано сето тоа, ќе видат како оперираат непријателските дронови, ќе слушнат експлозии.....
"Ќе отидат еднаш на позиција и ако преживеат, веќе не се враќаат. Или ги напуштаат позициите или одбиваат да одат во битка и бараат начини како да ја напуштат војската“, вели еден од заповедниците.
Ситуацијата му е јасна и на Путин кој е зачуден со каква леснотија врвот на Украина ги пушта младите да гинат. Вика дека со оглед на огромните загуби, не им останува друго освен да ја спуштаат старосната граница за служење војска, како што се правеше со Хитлер југенд.
Само во првите четири месеци од 2024 година, обвинителствата покренале кривични постапки против 19.000 украински војници кои ја напуштиле должноста или дезертирале.