Се работи за 44-годишна жена од грчкиот град Триполи, која доби казна затвор од 36 месеци и 1.000 евра. Казната не е за еден, туку за неколку пожари кои таа ги започнала, од кои два зафатиле поголема површина.
Во соопштението за нејзиното апсење стои дека двата пожари зафатиле земјоделско земјиште, а поводот бил што таа очекувала по пожарот да се појават пожарникари, бидејќи сакала да запознае мажи во униформа.
Властите почнале да ја сомничат жената, откако забележале дека таа е присутна и на двата пожари што избувнале во Триполи.
Дури и случајното започнување пожар, пример додека работиш во нива, Грција по ново го смета за кривично дело.