Не колабира Хамас, туку Израел

Некои тврдат дека повлекувањето на војската од Газа по потпишување на договор со Хамас за заложниците би било исто како и да си поразен и да се предаваш. Тие тврдат дека ова ќе ни се врати како бумеранг, во форма на уште еден напад, пишува пензионираниот израелски генерал-мајор Јицак Брик.

Овие тврдења се базирани во фундаментално неразбирање на она што се случува во Газа. Тие се подгреваат од клишеа што ги шират политичките и воени ешалони за оправдување на своите постапки и добивање на поддршка од јавноста и легитимитет за продолжување на неуспешната војна.

Всушност, ова се истите оние луѓе кои тврдат дека прекинувањето на непријателствата значи наш порази и предавање, со што ја водат војската поблиску до колапс а државата до пропаст. Целите на војната „Хамас да колабира“ и „ослободување на заложниците со воен притисок“, не се постигнати. Ако продолжиме да се бориме во Газа со заземање и повторно заземање на истите мети, не само што нема да го доведеме Хамас до колапс, туку ние самите ќе колабираме. Во не така далечна иднина повеќе нема да можеме да ги вршиме тие повторни напади, бидејќи со секој изминат ден Израелските безбедносни сили стануваат послаби, а бројот на мртви и ранети во акција меѓу нашите војници се зголемува. Наспроти нас, Хамас веќе ги обнови своите редови со 17 и 18-годишни.

Резервистите на ИДФ веќе го кажаа својот став преку постапките, и многумина од нив повеќе не е согласни постојано и постојано да бидат регрутирани. Платените војници се истоштени и се без професионални вештини заради недоволно обука, некои од нив ги напуштаат курсевите и пред да ги завршат. Израелската економија, меѓународните односи и социјалната поврзаност се сериозно оштетени од израелската војна со истрошување против Хамас и Хезболах, војна која ќе трае и на југот и на северот се додека израелската војска остане во Газа. Потребата за концентрирање на силите на другите фронтови - Либан или Западниот брег, заради терористичка активност - ќе ја присили војската да ги повлече своите сили од Газа и да ги испрати на најразлични жаришта. Ова е затоа што ИДФ нема доволно војска за да води војна на повеќе фронтови.

Со други зборови ќе дојде ден кога ИДФ повеќе нема да може да остане во Газа затоа што таа ќе биде под целосна контрола на Хамас, и во тунелите под земја, и над земја. Бројот на тунели што ИДФ ги уништи се сведува на неколку проценти. Истото важи и за Филаделфискиот и Нетзарим коридорот, Хамас и сега ги користи за да носи оружје од Синај северниот и јужниот сектор на Газа. Во оваа ситуација армијата не може да ги порази и да ги доведе до колапс.

Ако престанеме да напаѓаме затоа што војската е слаба и затоа што немаме друг избори, или ако ги префрлиме нашите сили во други области, нашиот непријател со фанфари ќе прогласи дека израелската војска се предала, ја напуштила Газа и се предала.

Тогаш подобро е да се биде паметен и превентивно да почнеме да земаме терапија. Ова можеби е единствениот начин да ги вратиме дома. Мора да ја запреме војната во Газа, што може да доведе до прекин на војната со Хезболах, и да се намалат шансите за регионална војна на повеќе фронтови, за која сме целосно неподготвени.

Во овој мировен интервал ние ќе ја обновиме војската, економијата, меѓународните односи на Израел и општествената кохезивност, ќе ги замениме целосните политички и воени гранки кои се соучесници во овој ужасен неуспех, и ќе продолжиме во нов правец. Ова е патот и никој друг.

Јицак Брик,
Харец

5 септември 2024 - 14:30