Законот се носи заради се понејасните граници меѓу приватен и професионален живот на вработените, кон што сериозно придонесе и работењето од дома и потпирањето на дигитални комуникации од времето на ковид-19.
Објаснувањето на властите е дека законот ќе го олесни притисокот што вработените го имаат вон работно време за постојано следење на телефонот и слободното време ќе го трошат на опуштање и на блиските.
„Тоа што едноставно сакаме да го кажеме е дека ако некој не е платен 24 часа на ден, тогаш не треба да биде казнет ако не е онлајн и достапен 24 часа на ден,“ изјави во февруари премиерот на Австралија, Ентони Албанесе.
Единствен амандман на ова право е дека исклучувањето не важи доколку истото се смета за „неразумно“.
Минатата година австралиските вработени во просек имале по 5,4 часа неплатена работа неделно, кај лицата на возраст од 18 до 29 години, ова е 7,4 часа.
Казната за прекршување на законот е до 93.900 австралиски долари.