Даисуке Хори тврди дека последниве 12 години спие само по 30 минути на ден за да го дуплира својот живот минат на јаве и да ја зголеми својата продуктивност. И во воркохоличарската Јапонија, ова е исчекор.
Јапонска телевизија го следела и снимала три дена за да ја регистрира неговата дневна рутина и вели дека и покрај краткото спиење, човекот се будел свеж.
Хори тврди дека ги тренирал мозокот и телото да функционираат нормално со минимален сон и дека никогаш не се чувствува уморен.
„Сè додека спортувате или пиете кафе еден час пред јадење, можете да ја спречите поспаноста“, тврди тој. „Луѓето на кои им треба постојан фокус во работата имаат повеќе корист од висококвалитетен сон отколку од долг сон.“
Веќе се има назначено за гуру и има основано Јапонска асоцијација за тренинг на кратко спиење која со години држи обуки и курсеви. Вели дека досега има обучено преку 2.100 ултра-кратки спијачи.
Не сите се убедени дека сето тоа е баш така. Некои сведочеа дека Хори бил многу избувлив кон сите кои се сомневале во неговиот метод.
Може од што е ненаспан.