ЦИА: Во еден момент реално беше ризично Путин да прибегне кон нуклеарно оружје

Шефот на американската разузнавачка агенција, Вилијам Барнс, првпат јавно призна дека навистина постоел ризик Русија да употреби тактичко нуклеарно оружје. Било тоа есента 2022 година, во текот на првите месеци од војната во Украина. Итно отишол да се види со рускиот колега.

За време на панелот на FT викенд фестивалот во Лондон на кој гостуваше заедно со првиот човек на МИ6, Брнс откри дека по дознавањето на алармантните случувања во Крем, претседателот Џо Бајден итно го пратил во Анкара, на разговори со рускиот шеф на разузнувањето, Сергеј Наришкин.

„Не можеме да си дозволиме некој да нè застрашува со звецкање со оружје, но мора да бидеме свесни за сите опции,“ рекол Бжарнс.

Тој потсетува дека ненадејниот украински противнапад од пред две години на североистокот од земјата кај Харков ги зголемиле стравовите дека Путин навистина ќе прибегне кој најекстремните мерки, што активирало вонредни дипломатски активности.

Шефовите на ЦИА и МИ6 напишаа и заеднички коментар за Фајненшел Тајмс предупредувајќи дека светскиот поредок е под закана каква што не е видена од Студената војна, повторувајќи ги флоскулите дека постапките на Путин се флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и глобалните норми (оти бомбардирањето на Југославија не беше).

Да потсетиме на еден важен и интересен момент: актуелниот шеф на ЦИА, спомнатиот Брнс, едно време беше американски амбасадор во Русија.

Еве на што Вилијамс Брнс во 2008 година го предупредува тогашниот американски претседател Џорџ Буш.

„Украинското влегување во НАТО е највидлива од сите црвени линии на руската елита (не само на Путин). Во овие две ипол години како комуницирам со клучни руски играчи, од примати од најтемните ќошиња на Кремљ па до најострите либерални критичари на Путин, сè уште немам сретнато таков кој мисли дека Украина во НАТО е нешто друго освен директна провокација за руските интереси“.

 

 

9 септември 2024 - 15:24