Демократски е кога демократија цензурира слободен говор

Гревот на Телеграм е што не успеал да направи разлика меѓу барањата на автократски режими и барањата на легитимни слободарски демократски режими, со цела своја сериозност порачува Џон Торнхил во својата колумна за Фајненшл тајмс.

Торнхил кој прави интервју со Павел Дуров уште во 2015, две години по лансирањето на Телеграм, го пренесува неговиот став дека не постои разлика меѓу Хитлер и Сталин, и дека и двајцата подеднакво ги мрази.

Првиот проект на Дуров е ВКонтакте, руската верзија на Фејсбук, која тој ја подава во 2014 на инвеститори поврзани со Кремљ. По ова ја напушта Русија а парите од продажбата, околу 300 милиони долари, ги користи за развивање на Телеграм со исклучива цел да се избегне мешањето од владите низ светот.

Ветувањето на Дуров беше дека ќе ја обезбеди цела приватна комуникација и дека никогаш нема никакви кориснички податоци да предаде на која било влада.

Денес Телеграм има над 900 милиони корисници и околу 200.000 корисници кои во ист момент се на апликацијата.

Освен што го користат опозициски движења во Русија, Белорусија, Иран, Мианмар и Хонгконг, тој истовремено е и платформата кој ја преферираат и руските и украинските националисти за ширење на својата пропаганда.

Без разлика што го уапси, самиот француски претседател, Емануел Макрон, своевремено го пофали Телеграм како алтернатива на доминацијата на апликации од Силициумската долина, а Дуров доби и француско државјанство.

Но во исто време невладини организации и владини безбедносни структури го кодошат Телеграм дека полека се претворил во нов „дарк веб“. Француските власти моментално ја истражуваат платформата за ширење материјали со педофилија и помагање на криминални мрежи, нешто што Телеграм директно го отфрла.

„Правејќи го ова, Телеграм изгледа дека не разликува меѓу опасните барања од автократските режими и легитимните барања на судските власти во демократските држави. Ниту пак ја има објаснето мистериозната забрана, па потоа и укинувањето на забраната од руските власти и последователната популарност меѓу функционерите во Кремљ.

Сервисот исто така е и помалку безбеден отколку што изгледа: Телеграм не нуди дифолтна енкрипција од корисник до корисник, како што тоа го прават Вотсап и Сигнал. Би било во корист и на компанијата и на корисниците, да земе и да се потсреди.

До некаде инфантилната позиција на либертаријанските апсолутисти е дека не треба да има ограничување на слободата на говор. Меѓутоа слободното општество не се сведува само на слобода на изразување. Тоа исто така се врти и околу почитувањето на законите и заштитата на други ценети човекови права. Демократиите можеби се проблематични но тие се најдобрите механизми што ги имаме за арбитрирање меѓу овие слободи и права,“ порачува Торнхил.

3 септември 2024 - 14:46