Минатонеделното протекување информации од презентацијата на компанијата CMG, маркетинг партнер на Фејсбук, Амазон и Гугл, детално го опишува нивниот софтвер „Active-Listening“ , кој собира податоци од луѓето со прислушување на нивните разговори.
Софтверот за активно слушање може да се овозможи преку која било апликација на Андроид или Ајфон, а може да слушаат и други смарт уреди, објаснува ексепртот за безбедност на податоци, Ендио ЛоКаскио.
Згора на тоа, овие уреди практично слушаат цело време а не само кога намерно го користите микрофонот за телефонски повик или комуникација со, на пример, Алекса.
За повеќето уреди, не постои состојба кога микрофонот е неактивен. Речиси секогаш е активен кога го има Сири или кој било друг гласовен асистент.
Компаниите ги собираат вашите гласовни податоци и потоа ги продаваат, често добиваат пристап до вашиот микрофон преку апликации. Вообичаено, апликациите добиваат дозвола да го користат вашиот микрофон преку клаузула „скриена во морето од дозволи што ги прифаќате кога инсталирате нова апликација“, додава ЛоКаскио.
Тоа значи повеќето корисници се согласуваат да бидат прислушкувани без воопшто да се свесни за тоа
„Проблемот е што формата на согласност „прифати сè или замини“ е Фаустовска зделка“, вели експертот за приватност Шерон Полски.
Слично прават и веб локации кои ќе ви признаат дека собираат информации и дека ако ја користите таа веб страница, прифаќате сè што прават.
Тоа е главниот начин на кој се заобиколуваат законите за приватност и прислушкување, бидејќи се има согласност.
Неефикасноста на законите и другите правила на игра има создадено цела индустрија на трговци со податоци која вреди милијарди евра. Нејзиниот раст дополнително беше забрзан со софистицирани модели на вештачка интелигенција кои го олеснија вадењето гласовни пораки како вредни информации.
Самата CMG е американска компанија со седиште во Атланта која нуди услуги за медиуми, дигитални медиуми, огласувачи и маркетинг а во 2022 година имаше приход од 22,1 милијарда долари.
Што може да се стори? Не многу.
Како прво, редуцирајте го бројот на апликации. Прегледајте ги и оние кои не ги користите редовно, избришете ги. Од редовните, размислите на кои им верувате и влезете им во подесувања да видите има ли некоја опција за микрофонот.