Вести

Русија не сака војна со Европа

Москва нема за цел да ја тестира отпорноста на НАТО, туку да ѝ наметне трошоци на Европа, онака како што оваа прокси војна во Украина ја чини неа. Многумина во Европа гледаат на дијалогот со Москва како награда. Но, ниту Европа ниту Русија не можат да си дозволат повеќе војна во моментов.

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Речник

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Стравот на Вајнхаус

Истата Ејми Вајнхаус што го престрашуваше светот со количината на алкохол и дрога што ја користи секој ден, всушност сериозно била уплашена од една нејзина колешка.

300

Кралот Леонидас беше спремен да жртвува 300 Спартанци на Термопилите. Ако сакате да ја задржите килажата после диета, ќе морате да бидете спремни да жртвувате 300 калории. Секој ден, до крајот на животот.

Забавната страна на присилните паради

Истиот човек што беше на автобусот што не сакајќи скршна по скриените улици на Пјонгјанг, сега доби бекстејџ пристап на подготовките на една од спектакуларните паради.

Другиот култ на Холивуд

Во 2011-та производите на Епл биле покажани или спомнати 891 пат на американските телевизии, а во истата година ги имало и 40% повеќе во филмовите од бокс офисот, отколку во 2010-та.

Филмови на атомски погон

Кодак денес е пред комплетен банкрот, но до пред само 6 години компанијата можела да започне сопствена нуклеарна војна и тоа од сред Њујорк.

Буџетот што го чека Фејсбук

Меѓу сите што чекаат да лапнат пари од излегувањето на Фејсбук на берза, во ред застана и Калифорнија (сојузната држава).

Ислам, некрофилија и новинари

Пред неколку недели сите од Дејли Меил до Хафингтон, објавија за новиот закон кој на мажите во Египет им дозволува да имаат секс со починатите сопруги. Е сега...

Госпоѓа ДотКом

Доколку се точни бројките во тужбата против Ким Дотком за тоа колку се режиските трошоци за неговиот дом, тогаш веројатно најголем проблем на Ким е што порано не го уапсиле.

Ангел на животот

Човекот кој спаси над 500 луѓе и кој го доби "Medal of the Order of Australia" почина во Австралија на 85 години.

Поклонот на Вилијам

Што добивте вие (или барем што се надевате да добиете) за 30-от роденден? Принцот Вилијам ќе добие 16 милиони долари.

На лагата и е кратка фотељата

За разлика од сите претходни CEO-а на Јаху кои си одеа откако ќе ја упропастеа компанијата, најновиот си поднесе оставка заради лажење во CV-то. Неполна пола година по доаѓањето. За работа што секој ја прави.

Америка си ја најде нафтата

Како во најдобрите маалски муабети за тоа како Американците си ја чуваат својата нафта, од САД доаѓа веста дека на средниот Запад на земјата се откриени резерви на нафта еднакви на сегашните светски резерви.

Грчка је пруга преголема

На времето тоа беше предупредувачка шега за опис на хаосот во грчката железница но денеска е математички точно: поефтино би било сите што користат воз во Грција да се качуваат во такси. Или во автобус. Или во авион!

Од кај ми пари да банкротирам?

Бројот на банкроти во Америка е во благо опаѓање. Една од главните причини е што луѓето немаат пари да прогласат банкрот.

Кој е човекот што го сотре JPMorgan?

За помалку од еден месец JPMorgan изгуби над 2 милијарди долари и сето тоа благодарејќи само на еден човек, кој меѓу колегите е познат како - "Големиот Кит" или "Волдеморт."

Дупли лузери

Од сите навивачи на Атлетико Билбао, барем 400 се чувствуваа поглупо од сите останати, во истите моменти кога нивниот клуб ја губеше титулата во Лигата на Европа.

Клети оргии за клетите шпиони

Група хакери (со специјалност крадење кредитни картички на интернет) успеала да ги открие сите владини агенти во нивните редови а притоа и мерак да си прави.

Журката на Обама

Секоја забава од која ќе заминеш дома со 15 милиони долари отприлика влегува во ранкот на - феноменални.

Курс по "Хирошима"

Официјален курс на Пентагон ги учел идните лидери на американската армија, дека за заштита на Америка од Исламот потребни се мерки од типот - Хирошима.

Италијанецот што случајно стана градоначалник

Новиот градоначалник на едно планинско гратче на северот на Италија ја доби функцијата без воопшто да ја сака и без никој близок да гласа за него.

Повеќе се на пендрек?

Во цела 2011-та, германската полиција на луѓе испукала вкупно 85 куршуми, или нешто повеќе од 3 куршуми на 2 недели. Зборуваме за цела Германија.

Крајот на светот одложен за 5.000 години

Археолозите ја открија најстарата верзија на календарот на Маите, која не завршува со комплентно уништување на Земјата кон крајот на годината.

Кој не верува, да му умре мајка

Лошата вест веќе ја знаете. Светов ќе пропадне на 21 декември оваа година. Добрата ја погодувате: нема да мора да купуваме подароци за Нова Година. Што е ново? Го имаме кривецот – еден Германец, фатен во тоа рацете.

Кои се грчките нео-нацисти?

"Дојде времето предавниците на оваа земја да се плашат од нас," беа зборовите со кои лидерот на нео-нацистичката Златна Зора, го поздрави освојувањето 7% од мандатите во парламентот.