Целата приказна започна во колумната на Абдел Сами, која се објавува во државниот весник Ал-Ахрам. Во колумната, тој предупредил за исламизацијата на египетското општество и дал неколку примери до што може тоа да доведе.
Меѓу останатите работи, тој го цитирал и контроверзниот марокански шеик Замзами Абдул Бари кој вели дека е во ред маж да има однос со сопругата по нејзината смрт. Она што треба да се знае е дека Замзами е познат по неговите бизарни фатви и учењата од типот жените треба да пијат алкохол за време на бременоста.
Абдел во колумната напишал дека се плаши дека токму ваквиот начин на размислување може да се прошири во Египет. Следниот ден, водителот на египетската ONTV ја дискутирал колумната на Сами и пасосот со некрофилијата го прочитал неколку пати, притоа запрашувајќи се дали Сами "можеби имал извори" кои му го кажале ова.
Два дена по колумната, саудиската телевизија Ал-Арабија ја објавува целата приказна на својот вебсајт на англиски. До сега, сите заблуди се синтетизирани и се вклучени во насловот: "Египетските жени бараат од парламентарците да го отфрлат предлог законот кој дозволува детски бракови и секс по смртта."
Понатаму веста се шири низ целиот свет, она на што забележуваат египетските новинари е што секој новинар инстантно можел да ја провери сторијата.
"Кога го контактиравме Зиад Баха Един, член на египетскиот парламент, за еден час добивме одговор дека таков 'луд закон, никогаш не бил дискутиран во парламентот,'" пишува новинарката на Egypt Independent.