Кои се: Основана во 80-те, Златна зора повеќе е мала група отколку партија. Иако одбиваат да ги нарекуваат "нео-нацисти," нивното име доаѓа од истоимениот грчки весник полн со нацистички референци и слики.
Слоган: Крв и чест. Изборен слоган: Грција на Грците.
Македонија - Грција: Златна зора е на маргинтие на грчката политика се до '91/'92 и почетокот на спорот за името. Во октомври 1992-ра, триесетина членови на Златна зора, напаѓаат група левичарски студенти од Атинскиот Универзитет за време на демонстрациите против користењето на името Македонија од наша страна.
Во 2009-та, членовите на Златна зора ги нападнаа членовите на Виножито и ја прекинаа промоцијата на македонско - грчкиот речник.
(упадот на Златна зора, на промоцијата во Солун)
Рецепт за крај на грчката економска криза: Да се излезе од германската доминација, да се укине грчкиот долг, да се превземе контролата на државните резерви на гас и нафта, да се испратат специјални сили на државните граници, посебно на границата со Турција... која што во основа треба да биде претворена во минско поле.
Други брилијантни идеи: Да се ослободи Кипар од Турција, да се интегрира Северна Албанија во Грција и да се прошират територијалните води на земјата во Егејското море.
(говорот на претседателот на Златна Зора, Никос Михалолјакос, по победата)
(победничката прошетка на Михалолјакос)
Колку луѓе гласаа за нив? Повеќе од 400.000. Со ова освоија 7% или 21 место во парламентот. За споредба, во 2009-та, партијата освои 0,29% од гласовите.