Како што раскажува Тим Саливан од Асошиејтед прес, без разлика колку и да изгледа задолжително, часовите стоење и клекнување на пробите всушност преставуваат сржта на социјалниот живот на најголемиот живот на жителите на Северот.
Бидејќи и она малку барови и кино сали што ги има низ Пјонгјанг рано затвораат, а ретко кој може да си дозволи да оди во ресторан, овие собири се во основа единствениот начин за собирање на луѓето дозволен од властите.
"Млади жени одат рамо до рамо, додека млади момчиња ги загледуваат од близина. Постарите жени се смеат додека минуваат во традиционални корејски облеки. На улицата карши Стоковната куќа бр. 1, стотици луѓе се собираат на пешачкиот и прават гужва додека купуваат од изворската вода (што продавачката ја продава како 'добра за вашето здравје,') што се служи во метални чашки, кои жената на брзина ги плакне во кофата и повторно ги користи.
На многу начини сето ова наликува на мало американско градче од 50-те. Најголемиот дел од мажите носат шапки и одела, а едвај неколку жени дозволуваат да ѕирне деколтето. Нема тинејџери со мистериозни пирсови, ниту тепачки, ниту пијани луѓе на улица," пишува Саливен.