За разлика од останатите навивачи на Билбао, кои не стигнаа на стадионот во Букурешт да му се радуваат на пехарот, овие 400 не стигнаа да му се радуваат ниту на Букурешт.
Како што пренесува "Антена 3," конвојот по грешка наместо во Букурешт завршил во Будимпешта. Кога сфатиле колку згрешиле, веќе немале време да се поправат, бидејќи од едниот до другиот град има над 800 километри или околу 10 часа возење.