Америка си ја најде нафтата

Како во најдобрите маалски муабети за тоа како Американците си ја чуваат својата нафта, од САД доаѓа веста дека на средниот Запад на земјата се откриени резерви на нафта еднакви на сегашните светски резерви.

Станува збор за претежно ненаселена, празна област која ги покрива Колорадо, Јута и Вајоминг.

"Процените се дека формацијата на реката Грин лежи на околу 3.000 милијарди барели нафта, и дека околу половина од овие можат да се извадат со денешната технологија и економската оправданост," изјавил претставникот на Владината канцеларија за ревизија на излагањето пред Конгресот.

Дури 75% од откриената нафта се наоѓа на државно земјиште.

Освен ќарот од нафтата, откритието треба да донесе нови вработувања и оживување на целиот регион, кој сега генерално е оставен ненаселен. Како голема забелешка е што ископувањето на нафта ќе влијае на околината. Според канцеларијата за ревизија, локалните власти и инфраструктурата во овие региони не се подготвени да се соочат со приливот на работници и нивните семејства.

14 мај 2012 - 10:30