На 50 глупи и банални мк видевца за храна (најглупи се оние што лошо глумат фејк муабети), ќе налеташ на еден добар. После други 50 глупи, пак ќе налеташ на еден добар, ама ќе испадне тој истиот. Освен филтерот, кај дечкото сè е природно: врхунски изведува непостоечки дијалози и вади реалистични сцени со муштерии, со еден лабав маалски хумор и дуќанџиски шарм. Ела да го видите шизикот.