
На првото појавување, Фејсбук се очекува да биде проценет на околу 100 милијарди долари. Ако се земе во предвид дека компанијата е од Калифорнија а и најголемиот дел од сопствениците и вработените се од Калифорнија, тогаш државата со право очекува дека наскоро сите тие ќе почнат да плаќаат даноци. И тоа многу.
Иако точната вредност на компанијата ќе биде утврдена дури во петок, пресметките се дека само од Фејсбук буџетот на Калифорнија ќе заработи 2 милијарди долари или 2,25% од вкупниот годишен буџет.
Овие математики за многумина ги враќаат сеќавањата од "златните времиња" на дотком бумот во 90-те и излегувањето на берза на Гугл во 2004-та. Од второто, Калифорнија заработи 7 милијарди долари во рок од 3 години.