Името на Брунио Иксил, прв пат се појави во весниците пред речиси еден месец, кога Блумберг на 6-ти април објави дека брокер на JPMorgan се наметнал со таква позиција на пазарот, "што тој самиот можел да ги менува цените на пазарот," што е речиси невозможно да се направи на толкав пазар.
Во тоа време, конкурентите на Искил, очекуваа тој во секој момент да пропадне, додека неговиот шеф, генералниот на JPM, Џејми Дајмон, целата работа ја нарече "бура во чајник."
Тогаш дојде 13-ти април, денот кога ЈРМ изгуби 2 милијарди долари. Денес, се уште никој не знае кој точно е Иксил и како успеал да зграби контрола на толкави фондови.
До сега, за него се знае само дека има два прекари - "Големиот Кит" и "Волдеморт," дека не минува многу време на интернет, а за него речиси и да нема некаква трага во јавноста пред април. На интернет нема слики од него, а Блумберг не успеа да дознае ниту колку години има човекот (според изјавата на еден колега, Иксил бил околу 30.) Човекот (наводно) е Французин, но негвото семејство има руско потекло, и секој ден патува меѓу Лондон и Париз.