На почетокот од мај, беше откриено дека првиот човек на Јаху, Скот Томсон, никогаш не завршил компјутерски науки.
Томсон во своето CV напишал дека од 1975-та до 1979-та студирал компјутерски науки во Стоунхил Колеџ. Иако е точно е дека Томсон студирал на овој колеџ, тој никогаш не бил на ниту едно предавање по компјутерски науки, најмногу заради тоа што во тоа време Стоунхил воопшто не ни нудел предавања на оваа тема. Томсон има завршено – сметковдоство.
"Ако господинот Томсон го дотерал своето академско досие, тогаш ние мислиме дека 1. тоа го поткопува неговиот кредибилитет како експерт и 2. лошо се одразува на неговиот карактер како ЦЕО кој има задача да го води Јаху во овие критични моменти. Сега повеќе од кога било, на инвеститорите на Јаху им е потребен ЦЕО од доверба," напишал во своето писмо до бордот на директори Дан Лоеб, акционерот во Јаху кој ја откри лагата во резимето на новиот директор на компанијата.
Откако првата реакција на бордот беше дека тоа што Томсон го сменил неговото резиме, "не го поткопува неговото знаење и досегашно искуство," сега компанијата се премисли и објави дека Томсон се повлекува од позицијата од приватни причини.
Како што пренесува All Things D, Томсон најверојатно ќе наведе "ново откриена болест" како причина за неговото заминување. На негово место се очекува да дојде првиот човек на Јаху за медиуми - Рос Леинсон.