Се до 2006-та, во подрумот на седиштето на компанијата во Рочестер, Њујорк, се чувале 1,6 килограми збогатен ураниум - од истиот вид како што се користи во атомските глави.
За ураниумот не знаел речиси никој во компанијата, ниту пак некој од градските власти, полиција или пожарникари. За целата работа биле запознаени само неколку инженери на Кодак и неколку вработени во администрацијата.
Компанијата го користела ураниумот за реактор, кој им служел откривање на недостатоци во суровините кои ги користеле.
Целиот реактор бил сместен во посебен бункер со бетонски ѕидови од 61 сантиметар. Апаратот бил исклучен во 2006-та, а на почетокот од 2007-ма, ураниумот бил превземен од федералните власти.