За да проверат да не случајно некој нов член е припадник на ФБИ или на полицијата, хакерите прво од него барале да се согласи на групен секс.
"Секој што сакаше да работи (со индискиот хакер Викас Јадав) мораше да се согласи на секс во тројка. Можеше да бира машко или женско, а Јадав мораше да биде третиот. Тој ја снимаше целата работа и ги чуваше снимките за да може подоцна да ги гледа," изјавила детективката Беверли Расел, која помогнала да се растури групата.
Оваа стратегија на Јадав му помогнала цели 5 години. Откако во 2005-та бил избркан од докторатот на Универзитетот во Џорџија, тој се вработува во продавница за пијалоци. Тука тој почнува со крадењето на броевите на кредитните картички на муштериите.
Во 2010-та, Јадав е депортиран во Индија.