Околу 150 најпознати фаци од Холивуд ја прифатија поканата на Џорџ Клуни за присуствување на забавата за собирање донации за кампањата на Барак Обама. Секој од гостите плати по 40.000 долари за своето столче.
За овие пари тие добија вечера од познатиот шеф Волфган Пак (салата од артичока, пекиншка патка, јагнешко и телешко со компир и прокељ), плус можност да го чујат Обама од близу.
Меѓу гостите беа Барабара Стрејсенд, Селма Хаек, Тоби Мегваер и Џек Блек.
Од вкупно 15-те милиони долари што вечерта беа собрани, околу 6 милиони беа од влезници а останатите беа донации од мали донатори, кои во просек платија по 23 долари за да учествуваат во лотаријата за покана на вечерата.