За сето ова главна кривица ја има Џон Холцман, маркетинг менаџерот на Епл на почетокот на 90-те. Тој тогаш ја воведува програмата за резервирање примероци на Епл за филмските студија (до тогаш имале примероци само за рецензии во магазините).
Холцман воведува и серија мали промени во производите на Епл, кои ќе го помогнат неговиот успех. На пример, на негово барање Стив Џобс го превртува логото на капакот на ПауерБук лаптопот, бидејќи до тогаш излегувало наопаку и им правело проблеми на филмаџиите.
Цело ова време, Епл тврди дека никогаш нема платено за појавувањето на нивните производи на филм, но признава дека некогаш имаат направено компромиси. Така, на снимањето на првиот дел од Невозможна Мисија, во замена за појаувањето на ПауерМак лаптопот во филмот, тие се согласиле да го промовираат филмот во своите реклами. Овие клипови во основа беа исечоци од филмот со логоа на Епл.
"Заштедивме 500.000 долари за продукција, а ги добивме Брајан Де Палма и Том Круз во нашите реклами," објаснува Холцман.
Во најновиот дел од Невозможна мисија, производите на Епл (Ајфон, Ајпад, Ајмек) добија 8 минути од филмот, што според аналитичарите од Front Row Marketing Services, вредат околу 23 милиони долари.
Додека брендови како Hewlett-Packard, филмаџиите најчесто ги користат кога сакаат да доловат некоја типична атмосфера од реалниот свет или од американската администрација, Епл се користи како предмет на верност и посветеност, како нешто без што главниот лик неможе.
"Епл нема да плати за некој негов производ да се појави, ама се повеќе од подготвени да раздаваат бескрајно многу компјутери, Ајпади и Ајфони," објасхува продуцентот на ХБО, Гавин Палоне.