Госпоѓа ДотКом

Доколку се точни бројките во тужбата против Ким Дотком за тоа колку се режиските трошоци за неговиот дом, тогаш веројатно најголем проблем на Ким е што порано не го уапсиле.

Откако прв пат во јавноста се појави деновиве за да си го побара назад Мерцедесот што и бил поклон од Ким (за 22-от роденден), госпоѓа (Мона) Дотком ја објасни ситуацијата во нивниот дом пред апсењето.

Во куќата живееле 13 луѓе. Освен таа, сопругот и трите деца, тука биле и нејзините два помлади браќа и персонал од шест лица.

"Месечно за плати на куќните помошници дававме 29.000 долари. Околу 7.000 долари се трошеа на прехранбени артикли и пијалаци, за вода 1.800 долари (не биле приклучени на водовод), за гас за греење и готвење 2.000 долари, за струја 3.500 долари месечно и за фиксен телефон 5.000 долари," изјавила Мона.

Госпоѓа Дотком од судовите побара да и биде вратен нејзиниот Мерцедес Г55 (202.000 долари), кој полицијата го собрала додека ги запленувала автомобилите на нејзиниот сопруг. Ким претходно и призна на полицијата дека Мона немала возачка дозвола. На денот на запленувањето Мерцедесот имал пројдени вкупно 234 километри, што до некаде ја потврдува нејзината приказна.

Мона бара враќање и на другите нејзини предмети, што ги добила како подарок од Ким, а кои биле запленети од полицијата.

Меѓу нив се: стаклена скулптура од 100.000 долари, дијамантски часовник од Шанел и еден Ролекс.

Инаку, во животните трошоци на семејството влегуваат и 1 милион долари годишно за кирија за нивната вила. Дотком претходно изјави пред судот дека неделно плаќаат по 1.850 долари за косење на тревата и 4.200 долари за тројцата градинари, во ова не влегуваат 450 долари месечно за одржување на маслиновите дрва.

14 мај 2012 - 21:28