Деновиве постепено низ цел свет треба да биде пуштен МЕГА сервисот на Ким Дотком, кој сериозно се заканува засекогаш да го демонтира комплетниот светски систем на авторски права.
Газдата на блажeноупокoениот сервис Megaupload на Јутјуб лансираше песна која а) ги повикува Американците да не гласаат за Обама, и б) себе се споредува со Мартин Лутер Кинг. В и г се дека песната е тралалајка и дека богатството на Ким Дотком изнесува близу 200 милиони долари.
Доколку се точни бројките во тужбата против Ким Дотком за тоа колку се режиските трошоци за неговиот дом, тогаш веројатно најголем проблем на Ким е што порано не го уапсиле.
Ќе му биде тешко, ама додека ја чека одлуката за екстрадиција во САД, основачот на Мегааплоуд, КИм Дотком, ќе треба некако да го истурка месецот со отприлика 50.000 долари месечно.
Американските федерални власти очекуваа дека со затворање на најголемиот од сите, Megaupload, ќе ги смири "сркачите". А тие го направија она што го очекуваа сите останати - се префрлија на други сајтови.